19 Април, 2024
0.0282

Преку внуката Софија го живеам мојот нов живот: Божиќно интервју со Благица Калева

Објавено во: Стил 06 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Таа е едно од најдобите фолк грла кај нас, жена која покрај се‘ што преживеа, не се предаде ниту секунда и продолжи да чекори храбро во животот, но најмногу заради како што многупати изјавила ќерка ѝ Марија – нејзината сила.

Пред Благица Калева се само убави денови, кај неа има многу новости, а најголема радост последните две ипол години ѝ носи нејзината внука Софија која како што ни истакна пејачката, е нејзиниот нов живот.

Годината којашто замина за Калева донела убави, но за жал и неубави моменти, Новогодишната ноќ после многу работни години во нејзината кариера конечно била дома со внукичката Софија.  А што подготвува за Бадник и Божиќ Благица и која е нејзината желба за новата 2023 година прочитајте во оваа нејзино прво интервју за Женски Магазин. 

Што за вас претставуваат новогодишните и божикните празници?

- Првото нешто кое ми доаѓа на ум кога помислувам на новогодишните и божиќните празници се топлина и радост. Навистина се чувствува посебна енергија кога се во прашање овие празници и секогаш се радувам на нивното доаѓање!

Негувате ли празничен амбиент? Ја накитивте ли годинава новогодишната елка?

- Секако, секогаш се негувал празничниот амбиент во мојот дом. Елката порано ја китевме двете со Марија, а откако се роди мојата внукичка Софија, се разбира, таа е задолжително присутна кога се кити елката. 

Каде ја пречекавте Новата Година?

- Оваа година, после многу работни години за новогодишната ноќ во мојата кариера, не сметајќи ги овие од Ковид пандемијата, конечно бев дома. На моја иницијатива посакав оваа Новогодишна ноќ да ја поминам со мојата внука Софија и да одморам. Имавме пренатрупана агенда со настапи пред Новата Година и после тоа, но новогодишната ноќ овојпат ја поминав во домашна атмосфера, опуштено.

 Дали подароците се дел од вашата новогодишна традиција?

- Подароците, како и кај сите во овој дел од годината, и кај нас се дел од новогодишната традиција. Симболично со најблиските си подаруваме по нешто за спомен, а за најмалите членови од семејството Дедо Мраз остава вредни подароци под елката! 

Прочитајте повеќе на „Женски магазин“.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре