28 Септември, 2024
0.0247

ПРЕМИЕР ЛИГА: Какви плати земаат фудбалските гиганти?

Објавено во: Анализа 06 Јуни, 2014

Добивај вести на Viber

Односот меѓу платите на фудбалерите и приходите на екипите од Англиската Премиер лига достигна рекорден врв од 71% во сезоната 2012/13.

Меѓутоа сепак британските тимови се претставија полошо од шпанските и германските клубови, кои ги намалија платите на своите играчи соодветно 56 и 51 отсто од своите приходи, покажуваат податоците од Годишниот преглед на фудбалските финансии на компанијата за професионални услуги Deloitte.

Компаративната штедливост на шпанските и германските клубови не се одрази негативно на нивната спортска репрезентација. Овогодинешното финале на Лигата на шампионите се игра помеѓу два шпански тима - Атлетико Мадрид, кој го исфрли Челзи, и Реал Мадрид. Во минатогодишното издание на турнирот пак во финалето се сретнаа двата германски гиганти Баерн Минхен и Борусија Дортмунд.

Платите на фудбалерите се еден од неколкуте индикатори кои се тесно поврзани со претставувањето на тимовите, сметаат од Deloitte. Во сезоната 2012/13 вицешампионот Манчестер Сити потроши 233 милиони фунти за плати. Во исто време Уиган Атлетик им плати најмалку на своите фудбалери од сите тимови - 45 милиони фунти и падна во Чемпионшип дивизијата.

Токму во вториот репер на англискиот фудбал се пренесе и карактеристиката на Премиерлигата за непотребното трошење во дадената сезона. За прв пат од 12 години тимовите од Чемпионшип дивизијата потрошија повеќе пари за плати отколку што се нивните приходи.

Вкупните приходи на клубовите од Премиер лигата се зголемија со 1% до 2,5 милијарди фунти во сезоната 2012/13 и веројатно ја поминале границата од 3 милијарди долари во штотуку завршената сезоната, благодарение на новите договори за телевизиските права. "Само по себе тоа е извонреден успех, но во услови на глобалната економска криза е нешто екстремно", коментира вишиот консултант во Deloitte Адам Бул.

Премиерлигата била најпрофитабилното првенство, победувајќи ја германската Бундеслига, каде клубовите заработиле вкупно 2 милијарди евра и шпанската Ла Лига, која освоила 1,9 милијарди евра.

Разликата помеѓу Бундеслигата и шпанската Ла Лига се зголеми за 159 милиони евра, иако стекнатиот доход на последните достигна 1,859 милијарди евра во 2012/13. Во спротивност со овој тренд во последниве години, растот од 77 милиони евра, не беше реализиран благодарение на "големите два" тима Реал Мадрид и Барселона, кои заедно постигнаа скромни зголемување на приходите со само 6 милиони евра. Растот главно се должи на нови и подобрени услови за правата на емитување на дел од клубовите, како и на подоброто претставување на шпанските клубови во Лигата на Шампионите.

Како резултат на своето враќање во Лигата на Шампионите, Јувентус се пријави со повеќе од три четвртини од приходите во Серија А во износ од 97 милиони евра (6%) раст во 2012/13, со што вкупните приходи се зголемија за 1,682 милиони евра. Италијанските клубови продолжуваат да бидат силно зависни од приходите од емитување кои претставуваат 59% од агрегација од приходите за 2012/13, со најголем процент меѓу "големите пет" фудбалски првенства.

Француската Лига 1 демонстрира најбрзиот стапка на раст во евра, со 14%-тен (161 милиони евра) раст од 1,297 милиони евра, постигнат целосно од ПСЖ. Додека неговите приходи се зголемија за 178 милиони евра, приходите на останатите 19 клуба од Лига 1 се намалуваат за 17 милиони евра.

"Големите пет" фудбалски првенства покажаа резервираност во однос на трошоците за плати на играчите во 2012/2013, само 25% од вкупните приходи одат за зголемување на платите. Четири од петте лиги забележуваат задржување или подобрување на односот плати / приходи во 2012/2013 (за разлика од 2011/12) (Серија А 71% (74%); Ла Лига 56% (59%); Бундеслига 51% (51% ); Лига 1 66% (74%)), исклучок прави Англиската Премиер лига, чии трошоци за плати се зголемуваат со 8% до 1,783 милиони фунти (2,1 милијарди евра). Ова влијае врз односот плати / приходи, која е во износ од 71%, највисоко ниво, достигнато некогаш.

Прекумерните трошоци на богатите тимови сепак се на пат да бидат контролирани. Воведувањето на правилото за финансиски ферплеј, што ги ограничува трошоците на клубовите во рамките на нивните приходи и има за цел да спречи прбирање на средства од богатите сопственици на некои клубови, беше идентификуван како "потенцијално толку важно како правилото Босман *" од Deloitte.

K.K.