05 Декември, 2025
0.0668

Премиер лигата не знае што е рецесија!

Објавено во: Анализа 11 Септември, 2013 09:06

Добивај вести на Viber

Изминативе години беа години на рецесија. Скоро во секој дел на светот на глобализираната планета беа осетени последиците од големата рецесија. Некој повеќе, некој помалку, но секаде се почувствува дел од ударот.

Европа беше посебно на удар на кризата, последните податоци покажуваат дека полека но сигурно кризата губи на кондиција и сите се надеваат дека работите ќе тргнат во вистинскиот правец. И додека сето ова се случува, излегоа податоците за парите кои ќе ги добиваат клубовите од приемиер лигата од продажбата на нивните дресови на спонзорите. Значи за логоата на спонзорите кои ќе бидат истакнати на предниот дел на дресовите. Бројките кои се појавија покажуваат дека за фудбалот нема криза. Платите постојано растат, рекордни трансфери се случуваат секоја година, а и приходите на клубовите постојано растат. Тимот број еден е верувале или не Арсенал. Иако оваа сезона сите му се лутат на Венгер за слабите резултатите и за тоа дека не донесе некое звучно име, неговите сопственици нема за што да се жалат. Авиокомпанијата Емирати оваа сезона ќе плати неверојатни 30 милиони фунти за да може нивното лого и оваа година да стои на дресот на клубот. Откако со нивни пари го отплати новиот стадион, клубот продолжи да наплажа сериозни пари од овој спонзор што секој би го посакал. Новиот договор за логото е до 2019 година, што би рекло клубот ќе инкасира 150 милиони фунти до неговото истекување. Не за чудење што навивачите се лутат што не се донесе некоја поголема ѕвезда оваа сезона. Купувањето на Озил веројатно доколку се покаже како паметно ќе ги смири, со оглед на тоа што Вегнер не може да се каже дека штедеше со оглед на тоа дека направи рекорден трансфер со германски фудбалер воопшто.Договорот на Арсенал во моментов е најголем договор од ваков тип во светот. Второ место завзема моќната Барселона која има за цели пет милиони фунти помал договор од Арсенал. Сепак Арсенал ќе го има првото место само една година. Осигурителната куќа АОН во моментов плаќа 20 милиони фунти за нивното лого. Од наредната сезона на нивно место доаѓа Џенерал Моторс т.е. Шевролет кои за нивното лого на дресот ќе платат баснословни 50 милиони фунти и со тоа Манчестер ќе го сруши во голем стил рекордот на Арсенал. Манчестер Сити и Арсенал во моментов наплаќаат 20 милиони фунти од нивните спонзори банката Стандард Чартерд и Етихад, додека многу не заостануваат Челзи и Тотетнхем кои заработуваат 18 милиони од Самсунг и 19 милиони од ХР. Премиер лигата е друг свет кога се работи за ваквите договори, споредено со остатокот на Европа. Само за пример Манчестер во период од само седум години успеал овие договори да ги зголеми за огромни 600%. Можеби се сеќавата на Водафон неговиот поранешен спонзор кој плаќаше за денешни услови смешни 8 милиони фунти во 2006 година. Дека за оваа лига нема криза покажува и податокот дека клубовите во наредните три сезони ќе поделат три милијарди фунти само од ТВ права, убедлив рекорд споредено со било која друга лига во светот. Редакција Фактор

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени