05 Декември, 2025
0.0862

Премиерот Груевски во кавадаречко – сечеше ленти, пушташе локални патишта

Објавено во: Македонија 24 Ноември, 2013 20:55

Добивај вести на Viber

Два патни правци и еден водовод пушти во употреба премиерот Никола Груевски за време на неговата денешна посета во Кавадарци. Станува збор за локалниот пат од Кавадарци до населеното место Ресава, долг околу 6 километри. Пуштен беше и регионалниот пат Кавадарци – Мушов Гроб во должина од 16,3 километри , како и водоснабдителен систем Кавадарци-Росоман за чија инвестиција пак се потрошени  2,3 милиони евра од кои најголемиот дел од Буџетот. „Со денешниот настан се одбележува затворањето на едно децениско прашање кој го мачеше овој регион на државата. Знаејќи го значењето и приоритетот на решавање на овој проблем како Влада вложивме напори да изнајдеме средства со кои се изгради новиот водоснабдителен систем“, рече Груевски. Во однос на локалниот пат до село Ресава, каде се сечеше и црвана лента, Груевски посочи дека се инвестирани околу 32 милиони денари. „Со овие средства се изврши проширување и комплетна реконструкција на патот кој во изминатот период беше во исклучително лоша состојба со многу оштетувања, дупки и нерамнини“, рече премиерот Груевски обраќајќи се на отворањето на патот кој нагласи дека станува збор за еден од најфреквентните патишта во регионот на Кавадарци, важен за населените места Ресава, Бегниште и Дабниште, но и за викенд населба на Тиквешкото Езеро. Сепак,  како што појасни телевизијата Телма, патот од 6 километри кој денеска се пушташе во употреба, веќе цела година го користат и жителите на околните села и сопствениците на викендички на Тиквешко Eзеро. За идната година надлежните најавија дека во кавадаречкиот регион ќе се завршат уште два локални патни правци со вкупна должина од 10,47 километри, а инвестицијата чини 84 милиони денари . Станува збор за вториот дел од Ладно Долче-Страгово-Крњево со должина од 6 километри и локалниот пат од Ресава до Бегниште со должина од 4,4 километри.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите