ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ ПРЕД УТРЕШНАТА СРЕДБА СО БУГАРСКИОТ ВРВ: Фала богу има желба за разговор
Објавено во: Македонија 16 Јуни, 2021
Премиерот Зоран
Заев, кој утре заедно со министерот за надворешни работи Бујар Омани и
министерот за евроинтеграции, Никола Димитров ќе остварат средби со бугарскиот
државен врв, денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека е
должен прво на граѓаните да им ги каже неговите лични очекувања, бидејќи не сака
ниту за себе ниту за народот да ги зголемува очекувањата од тоа што е, како што потенцираше, реално.
-Зошто е реално? Заради тоа што во Бугарија нема ниту Парламент, ниту има политичка влада. Фала богу има желба за разговор и затоа ќе ја искористиме таа желба за разговори од страна на бугарската влада, а ќе имаме средби и со лидерите повеќе политички партии, најголемите… Се надевам тие ќе го прифатат тоа, а ќе се видиме со премиерот и со претседателот на државата и сите важни носители на одговорните функции, рече Заев.
Истовремено, Заев нагласи дека нема воопшто да се разговара за македонскиот јазик и идентитет и овие прашања воопшто не се маса.
-Разговараме за португалскиот предлог којшто доаѓа од Португалија како замја претседавач со Европскиот совет што апсолутно води грижа за нашиот македонски јазик и македонски идентитет и истовремено води грижа и за бугарските позиции, рече Заев.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.