20 Декември, 2025
0.0523

Премијата Рено твинго – мотив за возачка дозвола

Објавено во: Мои пари 25 Ноември, 2013 14:54

Добивај вести на Viber

Струмица во изминатиов период многу често се докажува како среќна локација. Токму ова беше и последниот мотив кој екипата на Државна лотарија на Македонија ја насочи кон гостување во Струмица. Пред продажното место Ваткос во Струмица имавме прилика да се запознаеме со уште еддно среќно семејство, добитници на премија во Инстант лотаријата. На плоштадот во Струмица пред продажното место Ваткос викендов, екипата на ДЛМ ги додели клучевите на 14 премија, автомобилот Рено Твинго, во Инстант лотаријата Твингоманија 2. Станка Ицовска од Струмица е дамата која на своето семејство му обезбеди нов автомобил, благодарение на игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија. Таа како редовен играч, одлучила да го купи добитниот лоз, кој пак и го обезбеди прекрасниот автомобил Рено Твинго Тренд. Автотмобилот наскоро ќе се вози низ улиците во Струмица. И Станка, но и нејзиниот сопруг немаат возачка дозвола, па токму оваа премија ќе биде нивен предизвик да стасаат до неа. Со лозот ТВИНГОМАНИЈА Државна лотарија на Македонија на играчите на инстант лотарија им овозможува на лесен, забавен и евтин начин да дојдат до 1 од 40те атрактивни автомобили РЕНО ТВИНГО ТРЕНД или до бројни парични добивки од 500.000 до 40,00 денари. Лозот е со цена од 40,00 денари, а беше пуштен во продажба на 30 јуни. Уште на првиот ден на продажба го добивме и првиот добитник на автомобил Твинго Тренд. Забавата и добивките од новата серија инстант лозови под името ТВИНГОМАНИЈА се организираат во соработка со автомобилската куќа Аутомотив Груп – како официјален застапник на реномираниот бренд Рено, со кои се обезбедени вкупно 40 автомобили. Учесникот го дознава резултатот кога ќе го отстрани заштитниот слој од полето за игра. Лозот е добитен, ако на три различни полиња од вкупно 6 (шест) полиња е отпечатен заштитниот знак на брендот Рено или на три различни полиња од 6 (шест) полиња е отпечатен ист износ. Твингоманија 2 досега пријатно да изненади многу добитници меѓу кои се вкупно 14 лица кои ќе ги возат овие прекрасни автомобили. Четири Твинго Тренд ќе се возат низ Скопје, три во Струмица, а по еден автомобил Рено Твинго се вози низ улиците во Кичево, Тетово, Охрид, Битола, Пробиштип, Гостивар и Куманово. Во игра се уште 26 автомобили, како и бројни помали и поголеми парични добивки.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии