19 Декември, 2025
0.0995

ПРЕМИН ОД ЛЕТНО НА ЗИМСКО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО: Koлку дена се потребни за да се навикнеме?

Објавено во: Македонија 01 Ноември, 2023 07:27

Добивај вести на Viber

Стрелките на часовникот ги вративме еден час наназад. Почна зимското сметање на времето. Дел од граѓаните чувствуваат промени при преминувањето од летното на зимското сметање на времето.

Психологот Милка Ололоска вели дека секој човек различно се адаптира. Таа додава дека секако има промени во биоритамот.

„Потребно е физички и ментално да се адаптираме. Кај некого тоа оди полесно, некој брзо се адаптира, а на некој му треба повеќе време. Тоа е индивидуално, не може да се генерализира, но може да се јави замор, апатија, стрес“, вели Ололоска.

Сања Ѓорѓева, сертифициран тренер за спиење oбјаснува дека преодот од летно кон зимско сметање на времето, како и обратно, може да го поремети спиењето и циркадијалниот ритам на организмот.

„Ова се нарекува „синдром на смена на времето" и може да предизвика проблеми со сонот кој ќе влијае врз концентрацијата и расположението. Најчесто, симптомите се краткотрајни и човекот брзо, во рок од неколку дена се адаптира на промената на времето (особено на оваа промена која е поприродна за организмот), но времето на адаптација може да варира од човек до човек, на некои луѓе можеби ќе им треба повеќе време за адаптација, особено ако веќе имаат проблеми со сонот и страдаат од несоница. За да се адаптираме побрзо на промената, потребно е наутро ако се разбудиме порано од вообичаено, да останеме да лежиме во темница, да не палиме светло ниту пак да гледаме во телефон, сè додека не дојде времето соодветно за да се разбудиме. На тој начин, нашиот циркаден ритам побрзо ќе се адаптира на новото време“, вели Ѓорѓиева.

Податоците на Светската здравствена организација (СЗО), покажуваат дека во периодот кога се поместува сметањето на времето, луѓето се најчувствителни и најподложни на депресија. Тогаш се најизразени и нарушувањата во спиењето, а се зголемува и бројот на пациенти со зголемен крвен притисок, па дури и инфаркти и мозочни удари.

Во рамките на ЕУ, промената на времето се применува во сите држави-членки од 1996 година (освен прекуморските територии) за околу 512 милиони граѓани и за милиони соседи во Европа. Дискусиите за и против се водат од самиот почеток, а во 2018 година во онлајн анкета на Европската комисија, 84 отсто од испитаниците гласале за укинување на поместувањето на стрелките на часовникот. Но, засега сепак останува зимското и летното сметање на времето. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот