15 Декември, 2025
0.3737

ПРЕМИНАТА ЦРВЕНА ЛИНИЈА: Руски воен конвој влегол во Украина?

Објавено во: Свет 15 Август, 2014 10:15

Добивај вести на Viber

Група западни новинари сведочат дека руски воен конвој влегол во Украина вчеравечер, објавуваат британските весници Телеграф и Гардијан. Новинарите забележале колона од 23 оклопни транспортери со цистерни за горива и други придружни возила, со официјални воени руски регистарски таблички. Конвојот ја преминал границата со Украина преку отвор низ бодликавата жица. Влезот бил извршен ноќно време, во близина на рускиот град Доњецк, кој се наоѓа на околу 200 километри источно од украинскиот град со исто име, во област во која Киев нема контрола врз сопствената граница. Британските медиуми коментираат дека овој конвој тешко дека може да се смета за вистинска инвазија од руска страна, но е потврда дека руските воени сили ја преминуваат границата и влегуваат во Украина за да ги помагаат проруските бунтовници. „Ова е неспорен доказ на она што во Украина веќе долго се трвди-дека руски сили се активни внатре во нејзините граници“, пишува Гардијан. И додека воените сили без проблем и преку диви премини ја преминуваат руско-украинската граница, хуманитарната помош чека. Рускиот конвој со хуманитарна помош од 280 камиони наменет за Луганск застана на руска страна пред границата. Украина инсистира дека конвојот може да влезе само под закрила на меѓународни организации, затоа што стравува дека Москва може да го искористи конвојот за инвазија.

Можеби ќе ве интересира

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете