Преполовена добивката на Волво
Објавено во: Стил
24 Октомври, 2012 16:01
Добивај вести на Viber
Добивката на шведскиот производител на моторни возила „Волво“ за третото тримесечје годинава изнесува 2,9 милијарди круни (околу 33 милиони евра), според финансискиот извештај што денеска беше презентиран.
Станува збор за речиси преполовена добивка на „Волво“ во споредба со истиот период минатата година.
„ И понатаму гледаме несигурност во Европа, како и во САД, а единствената светла точка која може да се согледа е на пазарот во Бразил, каде што е присутен еден попозитивен тренд“, изјави генералниот директор на „Волво“ АБ, Улоф Персон.
Производството на камиони е доминантен дел на дејноста на „Волво“ АД, при што нарачките за наредната година бележат пад од околу 25 проценти.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: