19 Декември, 2025
0.0534

Преработувачката индустрија бележи пораст од 15.4%

Објавено во: Економија 27 Април, 2016 12:36

Добивај вести на Viber

Индексот на индустриското производство во март 2016  година, во однос на март 2015 година, изнесува 108.9, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење на камен во март 2016 година, во однос на март 2015 година, бележи опаѓање од 7.5%, во секторот преработувачка индустрија бележи пораст од 15.4%, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 14.2%.

Порастот во секторот преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во  следните оддели: производство на прехранбени производи, производство на пијалаци, производство  на облека, производство на други неметални минерални производи, производство на машини и уреди, производство на електрична опрема и производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во март 2016 година, во однос на март 2015 година, бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за 3.2%, капитални производи за 63.6% и нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.4%, додека опаѓање бележи кај енергија за 19.9% и кај трајни производи за широка потрошувачка за 26.8%.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари - март 2016 година, во однос на периодот јануари - март 2015 година, изнесува 110.7.

Можеби ќе ве интересира

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра