ПРЕСЕК ЗА 24 ЧАСА: Најмладиот починат од коронавирусот има 29 години
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 23 Март, 2021
Во последното деноноќие најмладиот починат од коронавирусот има 29 години. Овој податок го објави Министерството за здравство. Британскиот сој ги напаѓа и младите и брзо се шири.
Пријавени се вкупно 25 починати лица, на возраст од 29 до 87 година и тоа: 7 пациенти од Скопје, од Прилеп и Битола – по 4, од Кавадарци – 3 починати, и по едно починато лице е пријавено од Куманово, Тетово, Велес, Гостивар, Кочани, Струга и Охрид. Сите пријавени се починати во болнички услови и со коморбидитети. Досега во земјата се направени вкупно 595.686 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 120.882, бројката на оздравени пациенти е 102.201, на починати е 3.528, а бројот на активни случаи изнесува 15.153. Во Македонија на сила е полицискиот час со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.