01 Ноември, 2024
0.0263

ПРЕСМЕТАНО: Колку е продуктивен просечен работник во текот на 8 часа?

Објавено во: Стил 02 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Осумчасовен работен ден не е базиран на тоа колку трае човечката концентрација. Всушност нема никаква врска ниту со денешната работа, бидејќи корените на осумчасовно работно време датираат уште од добата на Индустриската револуција.

Кон крајот на 18 век било вообичаено да се работи од 10 до 16 часа дневно, бидејќи фабриките морале да бидат 24 часа во погон. кога станало јасно дека таквото работно време  е нехумано и неодржливо, воведено е пократко, осумчасовно работно време.

Сепак, тоа работно време не заживеало како стандард до 1914 кога „Ford Motor Company“ го изненади бизнис светот со формално воведување на осумчасовно време. Резултат? Зголемена продуктивност.

Иако денес е тешко да се поверува, осумчасовното работно време е воведено како работниот ден би станал похуман. Денес, изгледа дека е време за нови промени. Истражувањата на оваа тема, имено, покажуваат дека просечен работник е продуктивен само 2 часа и 53 минути дневно.

Токму така-просечната продуктивност на луѓето кои работат трае околу 3 часа дневно.

Интересно истражување на американскиот завод за вработување покажува дека просечен Американец, на пример, на работното време поминува 8.8часа , но дека не работи тоа цело време.

Меѓу најпопуларните непродуктивни активности се:

-Читање на вести на порталите-1 час и 5 минути

-Проверување на статуси на социјалните мрежи-44 минути

-Разговор со колеги за теми кои не се однесуваат на работата-40 минути

-Потрага за нова работа-26 минути

-Телефонски разговори со партнери/пријатели-18 минути

-Подготовка на топол напиток (кафе, чај) - 17 минути

-Праќање (смс) пораки-14 минути

-Подготовка на оброк во канцеларија-7 минути

Независно од овие резултати, земји како Шведска, веќе почнаа да експериментираат со кратко работно време од 6 часа, а поедини шведски фирми ова работно време веќе и формално го воведоа. Досегашните анализи покажаа дека 6-часовно работно време позитивно влијае на продуктивноста на нивните вработени, но и на нивната среќа бидејќи остава повеќе време за приватен живот.