19 Декември, 2025
0.0591

ПРЕСВРТНИЦА ВО ЕКОНОМИЈАТА: Ќе научи ли Македонија да живее без задолжување?

Објавено во: Економија 15 Јули, 2016 07:56

Добивај вести на Viber

Издавањето на македонската еврообрзница се одложи. Ваква одлука вчера е донесена откако менаџерите на банките кои управуваа со продажбата на еврообврзницата добиле писмо од СДСМ, во кое ги предупредиле дека издавањето е незаконско и нема правна основа. Како што пренесе Агенцијата Ројтерс, во писмото се посочило дека со спроведувањето на процесот се кршат неколку закони. Главни банки кои управуваа со процесот се „Сити груп“, „Дојче банк“ , „Сосиете Женерал“ и „Ерсте груп“. Дополнително Агенцијата пренесува дека во одлуката не помогнала ниту реакцијата на Владата која посочила дека ваквата кореспонденција е политички мотивирана и нема правна основа за оспорување на издавањето на евробврзницата. Ројтерс пишува дека дека Министерството за правда, во име на Република Македонија, ќе треба да издаде правни мислења и да ја потврди  валидноста на издавањето на еврообврзницата, односно дека нема правни пречки за издавањето. Ова практично значи дека емисијата на еврообрзницата не е пропадната комлетно, туку дека Владата ќе треба да достави мислења за законитоста на одлуката. Министерот за финансии Кирил Миновски вчера по објавата за одложувањето на емисијата на еврообврзницата изјави дека во целост е почитувана законската постапка и оти писмото од СДСМ нема го сопре процесот и оти постапката за издавање на еврообврзницата ќе продолжи. Писмото го испратил Наумов Писмото до банките го испрати Кире Наумов претседател на Комисијата за финансии во СДСМ, за што потврдија од СДСМ. „Одложувањето е потврда дека сите аргументи и апели за ова финансиското злосторство по налог на Никола Груевски од 650 милиони евра е незаконско и на штета на граѓаните, економијата и идните генерации. Сите инволвирани страни во процесот на издавањето на еврообврзницата, се обврзани да дејствуваат во рамки на важечката правна регулатива“ –реагираат од СДСМ. Издавањето е одложено поради тоа што почнала да расте каматата, откако инвеститорите пресметале дека е ризична за кредитирање. Кога каматата стигнала до 5,5 проценти Владата видела дека ќе пропадне продажбата и ги известила банките дека го одложува издавањето на еврообврзницата за да преземе мерки за да правно ја регулира постапката за издавање. Инаку ова е втор пат под притисок на Наумов од СДСМ, да се промени првичниот план на Владата за издавање на еврообрзница. Првиот пат на крајот на ланската година, Наумов од функција на дополнителен заменик-министер за финансии успеја да издејствува тогашната еврообрзница да се намали од првично планираните 500 милиони евра на 270 милиони евра. Се бараа 650 милиони евра за плати, пензии и социјална помош Максималниот износ на понудената еврообрзница беше 650 милиони евра, со камата од околу пет проценти и рочност од седум години. Одлуката за издавање на еврообрзница беше објавена во Службен весник минатата недела, а вчера предпладне еврообрзницата беше понудена на странскиот пазар за капитал. Кон крајот на денот издавањето беше стопирано. Премиерот Емил Димитриев вчера и јавно изјави дека 650-те милони евра ќе се користеле за исплата на плати, пензии и социјална помош. „Ова што го правиме во моментов е апсолутно во прилог да имаме економска ликвидност, да имаме навремена исплата на плати, пензии, социјални трансфери, бидејќи оваа сума гарантира една подолгорчна макро – финансиска стабилност на државата“,изјави Димитриев. Бурни реакции од економисти, невладини организации бизнисмени Одлуката за еврообрзницата во Слжбен весник, предизвика лавина реакции во јавноста. Дел од економистите предупредија дека новото страснко задолжување ќе го зголеми јавниот долг и ќе биде погубно за идните генерации. „Доколку се издаде еврообврзница на максималниот износ од 650 милиони евра, тоа би значело нов долг кој би бил околу 15% од износот на вкупниот јавен долг и 22% од надворешниот јавен долг, со состојба на крајот од првиот квартал 2016. Тоа би значело продолжување на трендот на забрзана динамика на задолжување на државата. Исто така, доколку нема во меѓувреме некое раздолжување, јавниот долг во еден момент би достигнал ниво над 50% од номиналниот БДП. Сето тоа би ја отежнало идната фискална консолидација, т.е. стабилизирањето на јавниот долг“, изјави универзитетскиот професор Владимир Филиповски. Дел од бизнисмените посочија дека се свесни оти овие пари не се свеж капитал и нема да ја развијат економијата. „Ние и досега со целото задолжување што е направено не сме виделе дека вистински дека некои од средствата се искористени за капитални инвестиции или за мерки кои што вистински ќе придонесат за нешто суштинско за економскиот развој. Тоа не е свеж капитал, тоа се пари кои се користат за исплата на плати, пензии и социјална помош, а не за поттикнување на економскиот развој. Ние како комора на Северозападна Македонија не можеме да дадаеме поддршка на задолжувањата и на трендот на непродуктивни трошења, и тоа му беше најавено на министерот за финансии“, вели Фатмир Битиќи, од Стопанската комора на Северозападна Македонија. Поранешниот гувернер на Народната банка Петар Гошев предупреди дека бараната сума значително ќе го зголеми долгот. „Јасно беше дека власта ќе се позајмува на странските пазари, но сумата е голема и таа значајно ќе влијае врз вкупниот јавен долг.Во оној момент кога ќе легнат парите, односно доколу се реализира целото најавено задолжување од 650 милиони евра, состојбата со задолженоста ќе се влоши. Ние и сега, со нецелосни показатели, имаме Јавен долг од 45% од БДП. Со новото задолжуавње тој ќе се згоелми за 7 процентни поени, односно ќе надмине 52% од БДП“, изјави Гошев. Во изминатите неколку години Македонија издаде четири еврообврзници со кои се задолжи за 825 милиони евра. Првата  е издадена во 2005 година, во износ од 150 милиони евра со камата од 4,6% и таа беше исплатена. Втората еврообврзница е издадена во 2009 година, на сума од 175 милиони евра со камата од 9,8%  и таа е отплатена пред три години.Третата еврообврзница изнесуваше 500 милиони евра и беше издадена во јули 2014 година. Каматната стапка за враќање на позајмените средства изнесуваше 3,97% со рок на отплата од 7 години.Четвртата еврообврзница  е издадена минатата година на износ од 270 милиони евра, наместо како што се планираше на износ од 500 милиони евра. Т.С

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар