Претепано момче однесено на КАРИЛ, засега е во животна опасност
Објавено во: Македонија 07 Ноември, 2016
Mомче се бори за живот на КАРИЛ откако e претепано и најдено во бессознание во саботата во Старата скопска чаршија.
Го тепале две лица на возраст од 14 години, наведуваат од полицијата.
К.С. (18) од Визбегово бил најден како лежи на улицата Битпазарска. Со возило на итна медициска помош e пренесен во Ургентниот центар каде е задржан на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување. К.С. се наоѓа во животна опасност.