09 Октомври, 2024
0.0270

ПРЕTПРАЗНИЧНАТА МАГИЈА НА МИНХЕН ПЛЕНИ: Голем број туристи од источните земји уживаа во новогодишните понуди и во богатата архитектура

Објавено во: Свет 27 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Богатата историја преточена низ архитектноските „сведоштва“ на третиот по големина град на Германија, го шармираат секој посетител на овој град. Благодарение на многубројните различни градби поврзани со христијанството, но и оние со кралството кое некогаш владеело во овој дел од земјата, во Минхен постојано има туристи кои сакаат да видат бар дел од градот.

Предпразничкото расположение и новогодишните тезги му даваат на градот уште еден дополнителен шмек кој и без нив пулсира силно и привлекува многу туристи.

Токму последниот викенд пред католичи Боќиж, Минхен беше исполнет со илјадници посетители од сите страни од светот, но доминираа туристите од источните земји, или туристи со коси очи, кои не само што уживаа во новогодишниот шарм на градот, низ градските улици, низ моловите, голем број беа упатени и кон музеите на градот.

Благодарение на својата големина, Минхен за жителите нуди неколку атракции само за одбележување на предпразничниот период. Една таква атрација е лизгалиште поставено во центарот на градот пред самиот влез во централното подрачје.

Новогодишни тезги со разни новогодишни производи како лампиони, новогодишни ѕвезди, украси, но и традиционалните тезги за храна како познатите германски „вурстови“ или пак разни типови дивеч, но и многу слатки задоволства.

Посебна атрација за граѓаните е средновековниот божиќен маркт сместен малку понастрана од централниот плоштад, но и уште едно пазарче сместено во дворот на кралската резиденција.

Дополнително, тоа не е се, напротив градот има посебна бина за настапи, но и голем базар организиран понастрана од центарот, каде всушност е одржува и познатиот Октобер фест.

Но, за туристите, посетата на Минхен подразбира и посетата на музеи, што пак очекувано создава и долги колони пред влезовите, но ова воопшто не е пречка за туристите кои се желни да „ѕирнат“ во некогашните кралски палати, но и во богатството на некогашниот крал и неговата богата палета од кралски круни и останати знаменитости.

Иако зимните месеци градот има помалку посетители сепак, интерес за посета на дворецот Нимфенбург беше голем. Ова е еден од најголемите дворци во барокен стил кои сведочат за кралското минато на регионот. Сместен недалеку од центаро на Минхен дворецот Нимфенбург е опкружен со прекрасни паркови, и претставува една од најубавите резиденции во околината.

Особено голем интерес во централното градско подрачје на Минхен привлекува познатиот Мариенплац каде е сместен „Ратхаус“ или старо - новиот градски дом. Оваа градба е позадина на многу фотографии направени од градот во овој период од годината, и поради фактот што главниот божиќен маркт е сместен токму на овој плоштад, но и поради неверојатната градба која ги остава сите посетители без здив.

Туристите покажуваат особено голем интрес за посета на кралската резиденција во центарот на Минхен, каде покрај величенствените кралски одаи, може да се посетат и прекрасните балски соби, да се види величенствената фонтана направена од разни школки, но и да се разгледаат богатствата на кралството, нивните круни и сите останати скапоцености. Тука е сместен и познатиот театар кој ги остава без здив сите посетители.


Магијата на Минхен е голема, токму затоа градот привлекува турити од целиот свет. Не само што сведочи за богатата историја, градот е истовремено интересен спој на историски згради испреплетени со современа архитектура. Дел од историските објекти градот ги обновил по војната, но исто така се создадени и нови ремек дела. 

П.О.

Фото: Фактор



Можеби ќе ве интересира

ЗИМСКИТЕ ЦЕНТРИ ПРЕД ЗАТВОРАЊЕ: Недостигот на снег го менува туризмот во Алпите

ЗИМСКИТЕ ЦЕНТРИ ПРЕД ЗАТВОРАЊЕ: Недостигот на снег го менува туризмот во Алпите

„КИРК“ ДОАЃА ВО ЕВРОПА: Ќе предизвика значителни последици

„КИРК“ ДОАЃА ВО ЕВРОПА: Ќе предизвика значителни последици

ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА МИ6, АЛАСТЕР КРУК, „Израел станува сè послаб и трпи големи загуби, Иран испрати јасна порака до САД“

ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА МИ6, АЛАСТЕР КРУК, „Израел станува сè послаб и трпи големи загуби, Иран испрати јасна порака до САД“

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи

ЕВЕ ШТО КОРИСТАТ НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ВОЈНИЦИ: Од конзоли за играње игри до бојното поле

ЕВЕ ШТО КОРИСТАТ НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ВОЈНИЦИ: Од конзоли за играње игри до бојното поле

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан