Претседателката на КХВ поднесе оставка на три години пред истек на мандатот! Претежок ли е притисокот од случајот „Македонијатурист“?
Објавено во: Економија 12 Февруари, 2025 09:29
Комисијата за хартии од вредност од денеска останува без претседател. Нора Алити одлучи да замине без образложение. Го остави нерешен случајот во кој мали акционери бараа заштита од КХВ и обвинуваа дека се изиграни при тргувањето со акции на „Македонијатурист“.
Нора Алити, претседателката на Комисијата за хартии од вредност (КХВ), државен регулатор на пазарите за хартии од вредност, во петокот поднесе оставка од својата функција. Официјално денеска оставката на Алити ќе ја констатира републичкото Собрание.
Алити одлучи да го прекине својот мандат, наеднаш и на чудење на многумина, иако до неговиот истек има повеќе од три години. Ова е втор мандат на Алити која над седум години раководи со КХВ (Алити довербата за втор мандат ја доби од пратениците на претходниот собраниски состав во јуни 2023 година, н.з.).
Јавноста никогаш нема официјално да дознае зошто Нора Алити поднесе оставка. Алити во својата изјава не образложува од кои причини ја напушта функцијата. Во тоа што е јавно достапно, а е доставено до пратениците, единствено пишува дека Алити се повикува на член 183 ставовите 3 и 5 од Законот за хартии од вредност. Таму е предвидено дека Собранието констатира оставка доколку ја поднесе функционерот и при тоа се однесува и на местото претседател, но и на местото комисионер односно рамноправен член на телото кое ги носи одлуките во КХВ.
Нора Ахмети новинарската фела ќе ја памети како функционер кој ретко даваше интервјуа, а при тоа беше секогаш одмерена. Пред да стане претседател на КХВ Алити била функционер, а и пратеник од ДУИ.
Има ли поврзаност оставката на Алити со случајот „Македонијатурист“?
Таа дилема ќе продложи да лебди. Дали Алити била под притисок од заинтересирани страни во случајот „Македонијатурист“? Зошто одлучила да даде оставка пред да се огласи за обвинувањата со купопродажба на акции во „Македонијатурист“? Дали Доне Таневски имал ценовно-чувствителни информации и преговарал за продажба на неговите акции пред „Македонијатурист“ официјално да објави дека не поседува ценовно – чувствителни информации? А токму таква пријава до КХВ во ноември поднесоа група од дваесетина мали акционери – домашни физички лица.
КХВ трет месец нема одговори на овие прашања на јавноста.
Официјално јавноста никогаш нема да дознае зошто Алити по седум години раководење со КХВ одлучи да даде оставка и ја напушти функцијата без да ги расчисти дилемите во јавноста дали имало нерегуларности при купопродажба на акции во „Македонијатурист“.
По оставката на Алити во состав на КХВ остануваат уште четворица комисионери и тоа Васко Пејков, внатрешен член (вработен во КХВ н.з.) и надворешните членови: Деан Стојановски, Кирил Јовановски и Зоран Колев.
На овој линк https://faktor.mk/sluchaj-makedonijaturist-do-koga-kje-molchi-najpovikanata-institucija
Н.С.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Нема веќе одење во Царинската управа по потврди за царински долг, Централниот регистар со еден клик ги гледа електронски
Над 40 авто-школи под надзор на Комисијата за заштита на конкуренцијата поради сомнежи за усогласено однесување
ВО ЗЕМЈАВА ИМА 80 ИЛЈАДИ АКТИВНИ КОМПАНИИ: Расте бројот на отворени бизниси
ДОМА, ВО РЕСТОРАН ИЛИ НА ПАТУВАЊЕ: Колку пари планираат да потрошат граѓаните за Нова година?
Ќе се изгради ли конечно „вечниот“ далновод со Албанија? Се пријави „Далековод“, не се знае колку пари се потрошени досега
ЌЕ СЕ ОЛЕСНУВА ПРОЦЕСОТ ЗА ЕКСПРОПРИЈАЦИЈА – се менува законот, се планира „привремено заземање на земјиште“
Ненајавена рација во европските канцеларии на „Тему“
ВО КОМПАНИЈА ВО МАКЕДОНИЈА Е ВОВЕДЕНА ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Професорот Јовевски вели ќе мора да се скрати и работното време




