17 Декември, 2025
0.0582

Претседателот и премиерот на Црна Гора заработија кривични пријави

Објавено во: Балкан 13 Октомври, 2014 19:55

Добивај вести на Viber

Потпретседателот на црногорскиот Парламент Бранко Радуловиќ објави дека до државниот обвинител поднел кривична пријава за 32 лица, меѓу кои и против претседателот и премиерот на Црна Гора - Филип Вујановиќ и Мило Ѓукановиќ, затоа што се сомнева дека се одговорни за злоупотреби при приватизацијата на Комбинатот за алуминиум - Подгорица (КАП) со што направиле штета поголема од две милијарди евра. Бранко Радуловиќ, кој е функционер на опозицискиот Демократски фронт, навел дека пријавата ја поднел против поранешни и сегашни највисои државни функционери, директори на Комбинатот, универзитетски професори, бизнисмени, обвинители и судии. „Осомничените како соучесници, имајќи сознание за заедничко делување и преземајќи активности со кои се предизвикани штетни последици, договорно и смислено делувале со многу други лица и создале криминална организација“, се наведува во пријавата. Радуловиќ тврди дека со незаконити дејства на државата и е нанесена директна штета од повеќе од две милијарди евра, додека индиректната е значително поголема, а како главен креатор на противправните дејства го посочува премиерот Мило Ѓукановиќ. Пријавата го опфаќа периодот од 1990 до денес. КАП со години е голем проблем за црногорската економија. Долговите на компанијата достигнаа 10% од бруто општествениот производ, а државата ги плаќаше со банкарски гаранции и со субвенција на струјата за оваа компанија иако таа беше во приватна сопственост. На штетата што Комбинатот ја предизвикува на црногорската економија укажуваа и Европската комисија, Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, кои инсистираа државата да престане да и помага на фабриката за алуминиум. Минатата година црногорската Влада во КАП прогласи стечај и ја продаде фабриката на приватната компанија „Унипром“ од Никшиќ. Но, поранешниот владин партнер во Комбинатот, рускиот тајкун Олег Дерипаска и неговите компании ја тужат Црна Гора пред меѓународни судови и бараат отштета од повеќе стотици милиони евра.  

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни