Стефанчук: Секое решение за Украина мора да обезбеди враќање на нејзиниот територијален интегритет и одвраќање на агресорите
Објавено во: Свет 21 Ноември, 2025 18:58
Руслан Стефанчук, претседателот на украинскиот парламент, вели дека секое решение за Украина мора да обезбеди заштита на нејзините граѓани, враќање на нејзиниот територијален интегритет и одвраќање на агресорите. Ова го изјави по средбата со американскиот секретар за копнени сили, Даниел Дрискол, денеска во Киев.
Тој нагласи дека првата посета на функционер од ова ниво на Украина по повеќе од 25 години е важен сигнал во време кога Русија „води брутална и непринципиелна“ војна.
Стефанчук изрази благодарност до американскиот претседател Доналд Трамп за неговата намера да постигне мир.
„Украина ја цени поддршката од Соединетите Американски Држави и со нетрпение очекува понатамошни чекори што ќе ја зајакнат нашата одбрана и ќе ја зголемат заштитата од руска агресија“, заклучи Стефанчук.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера потврди дека е подготвен да соработува со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп на нејзиниот нов план за мир во Украина.
Зеленски во објава на Телеграм изјави дека украинските и американските тимови ќе работат на мировен план од 28 точки за завршување на војната.
Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година.
фото Фејсбук/Верховна Рада України
Можеби ќе ве интересира
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете
Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат




