20 Декември, 2025
0.1770

Претседателската академија на Русија преку Факултети.мк ги отвара вратите за студентите од Македонија

Објавено во: Мои пари 04 Јуни, 2015 10:44

Добивај вести на Viber

Студирајте во Москва на престижната Руска академија за национална економија и јавна администрација (RANEPA).

Со цел промоција на можностите за студирање во Русија, престижната Руска претседателска Академија за национална економија и јавна администрација, потпомогната од македонскиот интернет портал за образование и наука, факултети.мк, ќе реализираат активности со кои на потенцијалните студенти ќе им ги доближи можностите за едукација на еден од водечките универзитети во Русија, и во светот.

fakulteti mk

Преку различни информации кои ќе бидат објавени на образовниот портал http://www.fakulteti.mk/ потенцијалните студенти од Македонија и Балканот ќе можат да се информираат за можностите за студирање на овој реномиран универзитет, кој не само што ќе им отвори нови можности за вработување и напредок во кариерата, туку пред се влијае на поттикнување на индивидуалните таленти на секој поединец. За студентите од Македонија, за академската 2015/2016 година подготвени се и специјални промотивни пакети за Мастер студии, на кои наставата ќе се одржува на англиски јазик. Наставата ќе се одвива според најдобрите руски и европски пракси, кои во фокусот го имаат развојот на индивидуалните таленти создавајќи врвни експерти по ефективен менаџмент. Рускиот образовен систем важи за еден од најдобрите во светот, со илјада годишна богата традиција, од таму потекнуваа многу врвни истражувачи, светски познати јавни личности кои оставиле трага во светската историја.

Факултети.мк отсекогаш се трудел да биде вистинското место за информации, за секој кој сака да се едуцира, надградува и да биде во тек со светските научни и образовни тенденции. Имаме соработка со голем број на домашни и светски признати универзитети, пласираме објективни и интересни информации, што е причина за големиот број на посетители на дневно ниво. И понатаму ќе се трудиме да бидеме образовна порта кон светот за многу млади луѓе, но и за сите оние кои сакаат да се надградуваат. Ова го препозна и Руската претседателска Академија за национална економија и јавна администрација, која важи за една од најдобрите академии во светот“, изјавија од Факултети.мк

Илјадагодишното искуство на богатата руска историја каде се вкрстувале специфичностите на над 200 различни народи, на најдобрите руски и европски пракси, кои севкупно треба да овозможат развивање на таленти за имплементација на ефективен менаџмент.

Руска претседателска Академија за национална економија и јавна администрација-RANEPA, е под покровителство на Претседателот на Руската Федерација и важи за лидер меѓу универзитетите во Русија, кога станува збор за едукација во области како јавна политика, економија, јавна администрација, бизнис администрација и менаџмент. Претставува прва академија во Русија која ја воведува МБА програмата и која добива интернационална МБА акредитација, каде и се образувале најголем дел од официјалните владини претставници. Предавања држат топ менаџери и извршни директори на најголемите руски компании, како и професори од неколку од најпрестижните универзитети во светот.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии