05 Декември, 2025
0.0320

Кои се главните донатори и за што најмногу трошеа претседателските кандидати?

Објавено во: Анализа 17 Април, 2014 09:03

Добивај вести на Viber

Кандидатите за претседател ги доставија изборните финансиски извештаи до Државниот завод за ревизија, за остварени приходи и расходи  во периодот од 3-ти до 11-ти овој месец. Според финансиските извештаи за изборната кампања на кандидатите за претседател, во период од 3-ти до 11-ти април, најмногу донации има кандидатот за претседател на ВМРО ДПМНЕ Ѓорѓе Иванов. За 9 дена на сметката за изборна кампања на Иванов по основ на донации се слеале 244.415 евра. Останати приходи кандидатот Иванов нема пријавено. Од сметката за изборната кампања потрошени 166.336 евра од ставката донации, од кои  најголем дел за издатоци за реклама и пропаганда 152.969 евра, услуги за копирање, печатење и издавање 8.130 евра, комуникациски услуги 1.626 евра, а остатокот за провизија за платен промет, камати за кредити, изнајмување простор и опрема, транспортни услуги. Ако во минатиот извештај за првите десет дена од кампањата, кандидатот Иванов потроши двојно повеќе отколку што собра донации, во овој извештај има вишок од 78.078 евра. На сметката за изборната кампања на Иванов како донатори се јавуваат 1.020 лица. Најниската донирана сума е 500 денари, а највисоката 200.000 денари. Меѓу донаторите има физички лица помалку или повеќе познати, директори на јавни претпријатија, актуелни пратеници и кандидати за пратеници за претстојните парламентарни избори, министри и заменици министри, градоначалници, пеачи, доктори. Донаторите за Иванов Меѓу 20.000 и нешто повеќе од 30.000 денари поединечно донирале,  директорот на ЈП Македонски шуми Жарко Караџоски, директорот на МЖ Транспорт Оливер Дерковски, директорот на ТИРЗ Виктор Мизо, директорката на ФЗОМ Маја Парнарџиева Змејкова, министерите Никола Тодоров, Гордана Јанкуловска, Бил Павлевски, замениците министри Зоран Коњановски, Христијан Делев. Како донатори на листата се актуелните пратеници како Благородна Дулиќ, Косана Николиќ Мазнева, Силвана Бонева,  директорот на ЈСП Скопје Мишо Николов, кандидатите за пратеници за претстојните парламентарни избори Јелена Жугиќ, Васил Пишев, Ане Лашкоска, градоначалниците Коце Трајановски, Жика Стојановски, Сокол Митровски, докторите Александар Шиколе, Владимир Камиловски. Во претходниот финансиски извештај, Иванов имаше 595 донатори кои вкупно донираа 232.624 евра. Сметката на Стево Пендаровски Во периодот од 3-ти во 11 –ти овој месец на изборната сметка на кандидатот за претседател на СДСМ Стево Пендаровски. имало приходи во вредност од 8.279 евра. Од нив по основ на донации на сметката слеале вкупно 964 евра од три физички лица. Сите пари од донациите се потрошени за реклама и пропаганда. Пендаровски од останати приходи на изборната сметка во овој период имал 7.314 евра. Кандидатот за претседател на СДСМ Пендаровски во анализираниот период потрошил вкупно 7.932 евра, најголем дел за реклама и пропаганда 5.539 евра, изнајмување на простор и опрема 800 евра,  остатокот за комунални услуги и греење, други услуги, материјални расходи. На изборната сметка Пендаровски во анализираниот период има вишок од 347 евра. Според претходниот финансиски извештај, кандидатот на СДСМ Пендаровски од донации на шест лица успеал да собере 1.847 евра, а сите овие пари биле потрошени за пропаганда и реклама. Сметката на Халими Според финансискиот извештај на кандидатот за претседател на ДПА Илијаз Халими, од 3-ти до 11 ти Април, тој на изборната сметка има вкупно 3.252 евра приходи, останати приходи нема. Но Халими потрошил повеќе отколку што собрал. Така вкупните расходи изнесуваат  8.280 евра, од кои за издатоци за реклама и пропаганда се потрошени 5.271 евра, за изнајмување на простор и опрема 3.008 евра. Претседателскиоткандидат на ДПА Халими за првите десет дена од изборната кампања ги извести ревизорите дека на неговата изборна сметка нема никакви приходи, ниту расходи. Сметката на Поповски Кандидатот за претседател на партијата ГРОМ Зоран Поповски, доставил извештај до ДЗР дека во периодот од 3-ти до 11-ти овој месец не оставрил никакви приходи, ниту од донации. Во претходниот финансиски извештај за првите десет дена од изборната кампања, Поповски успеал да собере 8.130 евра, сите од донации, а сите пари отишле за платено политичко рекламирање. Според Законот за финансирање на партии, политиките партии се должни во тек на избори да доставуваат финансиски извештаи за приходи и расходи до ДЗР, Државната изборна комисија и Државната Комисија за спречување на корупција на секои 15 дена. И.Г.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени