Претседателските избори ќе „стопат“ 4 милиони евра, парламентарните – можат да донесат ребаланс
Објавено во: Анализа 02 Февруари, 2014 09:00
Од претходните изборни циклуси, доколку трошоците се поделат на бројот на излезени гласачи, се добива дека во просек секој глас на изборите го чини Буџетот од 2,5 до 3 евра, но во дијаспората таа цифра може да биде и неколкупати пати повисока, велат познавачите.
Во светски рамки, според ефикасноста на трошоците за изборите земјите можат да се поделат во три категории. Стабилните демократии, како САД и земјите од Западна Европа во просек од државниот буџет трошат меѓу 1 и 3 долари за секој глас. Во демократиите кои се во фаза на консолидација, меѓу кои е и Македонија, тие трошоци се искачуваат на 4-8 долари за глас. Најскапи се изборите во постконфликтните подрачја, каде што се потребни инвестиции во гласачка инфраструктура и каде трошоците можат да се искачат на повеќе десетици долари за еден глас.
Доколку заедно со претседателските, во Македонија се одржат и вонредни парламентарни избори, како што се навестува, тогаш трошоците неминовно ќе се зголемат.
„Јас за тоа велам вака: мала свадба и голема свадба – трошоците се различни, иако процедурата е иста“, вели Новаковски. Сепак, тој смета дека во веќе предвидените пари во Буџетот има доволно за да се спроведат и двете операции, доколку е потребно.
„Се сеќавам дека, барем јас додека бев таму, ДИК секогаш враќа голем дел од парите предвидени за изборни активности“, додава поранешниот претседател на изборната комисија.
„Веројатно се испланирани трошоците и за предвремени парламентарни избори. Ако не се, тогаш неизбежен ќе биде ребаланс на Буџетот. Владата мора да ги обезбеди средствата за изборни активности“, вели поранешниот министер за финансии Поповски.
Со измените во Изборниот законик усвоени на почетокот на годинава, нова обврска на министерот за финансии е да ги објавува сите финансиски исплати во изборен период и да достави посебен изборен финансиски извештај со преглед на сите планирани и реализирани приходи и расходи во Буџетот. За непочитување на оваа одлука е предвидена казна затвор од шест месеци до една година.
Идниот претседател, што ќе треба во мај да ја преземе функцијата, ќе располага со помалку средства, во споредба со парите што од Буџетот ги доби актуелниот претседател Ѓорге Иванов, за последната година од неговиот мандат.
Во Буџетот за 2014, за шефот на државата предвидени се близу 1,2 милиони евра, додека минатата година таа ставка изнесуваше речиси 1,5 милиони евра.
Б.А.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





