Претставници на партиите и коалициите потпишаа Кодекс за фер избори
Објавено во: Македонија 20 Ноември, 2016 15:03
Претставници на сите коалиции и политички партии учесници на изборите закажани за 11 декември, денеска потпишаа Кодекс за фер и демократски изборен процес.
Избори кои се фер и демократски и ги почитуваат принципите на демократијата и доброто владеење придонесуваат за демократски развој на општеството, кажа претседалот на ДИК, Александар Чичаковски.
„Сите ученици во изборите со своите активности го поставуваат фундаментот на демократијата и придонесуваат за градењето на довербата во изборниот систем на Република Македонија“ - кажа Чичаковски.
Кодексот го потпишаа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој ја предводи коалицијата „За подобра Македонија“, лидерот на СДСМ, Зоран Заев од здружената опозициска коалиција, од ДУИ Изет Меџити, Мендух Тачи од ДПА, Гзим Острени од коалицијата Алијанса за Албанците, Ивон Величковски од ЛП, Стојанче Ангелов од Достоинство во име на Коалицијата ВМРО за Македонија, Павле Трајанов од Демократски сојуз за Коалицијата за промени и правда – Трет блок, Билал Касами од Беса, Здравко Савески од Левица и Мухамед Халили од ПДП.
На потпишувањето на Кодексот присуствуваа амбасадорите на САД, Германија, Франција, Велика Британија, заменик амбасадорот на ЕУ и и шефот на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, како и сите членови на ДИК и други претставници на партиите.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




