Превозници се жалат дека Министерството за транспорт и врски не сака конкуренција во меѓуградскиот сообраќај
Објавено во: Економија 05 Април, 2019 07:00
Оператори со превоз на патници се жалат дека не можат да ја „размрдаат“ конкурентноста во меѓуопштинскиот сообраќај со автобуси поради ригидноста на Министерството за транспорт и врски, односно немањето волја кај овој ресор да иницира законски измени.
Бараат усогласување на законот со европските норми, бидејќи со постојаниот Закон за превоз во патниот сообраќај се зацврстува положбата на веќе оние кои добиле претходно дозволи да превезуваат патници и од тогаш покрај нивниот „монопол“ не можат други да се наметнат, иако секоја година во мај министерството објавува оглас за конкурирање за лиценци. Велат дека едни исти компании ги продолжуваат дозволите,а не им се дава шанса на нови да понудат конкурентност и да се натпреваруваат со подобри услуги.
Велат не е здраво за самиот квалитет на услуги и дека патниците треба да имаат поголем избор со кој ќе се возат. Самиот закон е таков што не дозволува повеќе конкуренти, а распонот на време ја прави мрежата премногу густа. Бараат самиот пазар да наложи колку компании ќе работат. Законското решение е така направено да не може да учествуваат и други во поделбата на колачот, тврдат тие..
- Ќе го оспориме законот ако министерството не предложи да се промени. Се жалат од диви превозници, но тие не би биле диви ако им се дозволи законски и легално да вршат превоз, а тоа им одговара и на нив бидејќи ќе бидат помотивирани да инвестираат. Бидејќи никој не може да се поклопи во тие 10-15 минути распон се создава сива економија, Тој закон до пред извесно време претрпуваше измени, но сега останува ригиден, се жалат превозниците кои немаат дозвола.
Од министерството за транспорт и врски велат дека барем засега не се планираат измени на Законот за превоз во патниот сообраќај.
- Ние немаме проблем да одобруваме лиценци, но за тоа треба да бидат задоволени критериумите што се бараат и треба да сме сигурни дека ќе бидат заштитени потрошувачите. Треба да постојат одредени услови кои превозникот би ги исполнил со своите ресурси така што патниците во секое време ќе бидат сигурни дека ќе го добијат очекуваниот превоз. Што се однесува до дивиот превоз, тоа е работа на Државниот транспортен инспекторат и тој треба да се грижи дека нема такви активности - велат од министерството.
Оние кои немаат лиценци бараат промени во членот 21а од актуелниот закон со кој се утврдени интервали на поаѓање на автобусите кои, според нив, се куси и не дозволуваат повеќе превозници да направат возен ред кој ќе биде усогласен со барањата на законот. Тоа, велат тие, не дозволува влез на нови превозници во бизнисот и се нарушува конкуренцијата во меѓуградскиот соообраќај.
Најмногу им пречи делот кој вели дека електронското барање за одобрување на возен ред за нови линии, доколку на трасата на линијата за веќе одобрен возен ред има две заеднички станици, за поаѓање од Велес, Куманово и Тетово кон Скопје во период од 6,00 до 8,00 часот секој ден и за поаѓање од Скопје кон Велес, Куманово и Тетово во периодот од 15,30 и 17,30 часот секој ден, временскиот интервал од едно до друго поаѓање треба да изнесува 10 минути.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра




