18 Декември, 2025
0.0518

ПРЕЗЕМАЊЕ?! 50 милиони евра се „зафрканција“ за фирма како Макпетрол!

Објавено во: Економија 10 Јуни, 2016 09:58

Добивај вести на Viber

„Макпетрол“ е јавен сервис, гигант што поседува над 100 пумпи, неколку складишта, национална телевизија, лиценци за увоз на возила и на компјутери, управува со фирма што има над 80 транспортери за спцијален транспорт на запалливи материи и можеби и најважното има стручен кадар и основни средства во управување со националниот гасоводен систем. Странска компанија доставила до нашата берза најава дека има намера да достави понуда за откуп на сите слободни акции во македонскиот гигант за малопродажба на нафтени деривати „Макпетрол“. Оваа за многумина неочекувана вест силно влијаеше на цената на акцијата на „Макпетрол“, но и врз инвеститорската заедница затоа што отвори многу прашања и дилеми, а особено најважното е зошто во овој момент стигнува вест дека некоја компанија има намера да го купува „Макпетрол“. Веста заслужено се наоѓа во фокусот на инвеститорската јавност заради повеќе значајни аспекти од кои два се најважни: прво, дека фирма која е тотално непозната за нас, но и во светот на нафтениот бизнис нуди како гром од ведро небо 50 милиони евра за сите акции во „Макпетрол“! Второ, дали ова е всушност обид за непријателско превземање на гигантот „Макпетрол“? Затоа што оваа вест дојде како гром од ведро небо. Што има во портфолиото на Макпетрол Очигледно е дека менаџментот на „Макпетрол“, барем според неговото соопштение, немал комуникација со понудувачот односно со правното лице кое се јавува како , во оваа фаза, некој што има намера и јавно го кажува тоа, да го купи топтан „Макпетрол“. Дополнително што со купувањето на „Макпетрол“ ако се случи новиот соптвеник на „тацна“ би го добил и специјализираното транспортно друштво ОИЛКО кое има над 80 реалтивно нови возила за превоз на запалливи материјали. Дополнително заедно со „Макпетрол“ новиот сопственик ќе ја добие националната телевизија „Телма“ , чиј рејтинг е во значаен пораст, би добил лиценци за продажба и увоз за компјутерите „Делл“ и за возилата „Хонда“ и можеби и најважното управувачкиот кадар, нивното знаење и основни средства во операторот на националниот систем за управува со гасоводниот систем во Република Македонија за кој сите се согласни дека има потенцијал на голем бизнис. Сите горенаведени факти покажуваат дека 50 милиони евра е „зафрканција“ односно дека се малку пари за имотот на „Макпетрол“ повеќе од 100 бензински пумпи, имотот на ОИЛКО, националниот гасоводен систем, национална телевизија, складишта за деривати и многу знаење во нафтениот бизнис акумулирано во стручни лица во таа компанија кои најдобро го познаваат македонскиот пазар, а пенетрираат и на косовскиот нафтен пазар макар само во легалниот сегмент на операции. Зошто странскиот партнер се крие? Засега не можеме да знаеме која е новата фирма, освен што се слушаат шпекулации дека е основана пред неколку денови, дека е наменска и дека била оф-шор. Ако е ова точно тогаш може да се заклучи дека потенцијалниот газда на „Макпетрол“ или не е стратешки партнер од нафтениот бизнис или пак дека се крие зад новоформирана фирма плашејќи се од негативен ефект врз имиџот во случај да пропадне понудата. Засега не можеме повеќе да навлеземе во намерите на понудувачот затоа што не знаеме ништо повеќе за неговиот „бекграунд“ т.е. минат труд во дејноста. Сепак сериозно е тоа дека некој ќе депонира 50 милиони евра во нашата централна банка и ќе чека да ги откупи сите акции , макар и од тие што сакаат да продадат, преку јавна понуда, нели доколку КХВ ја одобри неговата намера и му одобри да објави јавна понуда. Клучот е во рацете на Јосифовски Единствено, засега зачудува тоа што фирмата од Англија „Балкан петролеум холдинг“ одлучила да даде директна јавна понуда, а не да купува на нашиот пазар акции од „Макпетрол“ по цени кои се далеку пониски од 26.000 денари за акција колку што е приближно најавената цена. Ако го користел тој легитимен механизам тогаш овој заинтересиран купувач би можел да купува до 25 отсто од сите акции со право на глас, без проблем. И дури и да стане најголем поединечен акционер. Е сега штом не одел на таа варијанта која секако ќе бара повеќе време тогаш тоа не води кон заклучок дека му се брза или дека одлуката ја донел сега бргу и немал време и нерви да оди на купување на „Макпетрол“. Сепак оваа отворена стратегија има една маана. Сега клучно влијание врз успешноста на понудата ќе има ставот на Андреја Јосифовски и неговиот менаџерски тим затоа што ОИЛКО , што го управуваат тие, е најголем поединечен акционер во „Макпетрол“. А дополнително со нивното влијани врз вработените кои пак иако мали се најбројни акционери и веројатно дека најголемиот дел од нив ќе дадат поддршка на одлуката на Јосифовски и на неговата екипа. Како и да е ова е значаен настан за нашиот пазар на капитал. Да видиме дали ќе има развој и што ќе следи... Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа