19 Декември, 2025
0.0589

ПРЕЗЕМАЊЕ НА МАКПЕТРОЛ: Игра во која нема „невини“!

Објавено во: Економија 23 Јули, 2016 09:38

Добивај вести на Viber

Додека македонските институции си играат криенка миженка и постојано му го одложуваат рокот на потенцијалниот инвеститор во Макпетрол, станува прилично јасно дека во оваа игра нема „невини“. Ниту Макпетролци, ниту странските инвеститотори, ниту македонските државни институции. За менаџментот на Макпетрол е прилично јасно, фирмата работи онолку квалитетно колку што сака да се прикаже. За фирма со овие потенцијали сигурно можело подобро. Еве ги фактите. - „Макпетрол“ 2015 година ја заврши со добивка од 212.300 евра и тоа со зголемен износ на обврските кон добавувачите и пад на залихите; -фирмата ќерка ОИЛКО 2015 година ја заврши со добивка што надмина 1 милион евра; -2015 година „Макпетрол“ го прекина постот – три години по ред да работи со загуба; -во годините кога работи со загуба и кога работи со добивка платата на Андреја Јосифовски, претседателот на Управниот одбор на „Макпетрол“ надминува 11.000 евра месечно; - За работењето од 2013 до 2015 година Јосифовски од ОИЛКО добил дивиденда што надминува 12 милиони денари (околу 200.000 евра) - ОИЛКО е најголем акционер во „Макпетрол“, а „Макпетрол“ е најголем акционер во ОИЛКО. Андреја Јосифовски долги години го води „Макпетрол“, а поседува 15 отсто од сите акции во ОИЛКО -лани паѓал приходот од продажба на „Макпетрол“ , кој паѓа неколку години по ред; - додека паѓал приходот од продажба лани во споредба со 2014 година, растела количината на продадени деривати лани во споредба со 2014 година; Бројките зборуваат сами за себе но дали 50 милиони евра колку што нуди Балкан Петролеум се малку за фирма како Макпетрол? Фирмата поседува повеќе од 100 бензински пумпи, тука е и имотот на ОИЛКО, потоа националниот гасоводен систем, една национална телевизија, складишта за деривати и многу знаење во нафтениот бизнис акумулирано во стручни лица во таа компанија кои најдобро го познаваат македонскиот пазар, а пенетрираат и на косовскиот нафтен пазар. Во целата оваа игра како да станува збор за „лов во матно“ во време кога Макпетрол дојде во немилост на државата, откако лани врвното раководство заработи кривични пријави. Таа работа оттогаш наваму стивна, а во меѓувреме дојде на дневен ред оваа зделка. Моментумот за преземањето со бизнисмени кои имаат недокажано бизнис стебло и чудна оф шор поврзаност е индикативен. Како што е индикативен и молкот на институциите. Очигледно целата оваа операција ќе биде актуелна и на есен.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар