16 Декември, 2025
0.0725

Преживеаните и заробените раскажуваат за крвавиот напад во Кенија

Објавено во: Свет 03 Април, 2015 19:55

Добивај вести на Viber

Папата Фрањо го осуди нападот на сомалиските група „Ал Шабаб“ врз универзитетските домови во кенискиот град Гариса, пренесоа светските агенции.

Во нападот загинаа вкупно 147 лица. Кризата траела неколку часа, во кои сомалиските исламисти ги држеа во мрачна просторија луѓе како заложници во кампусот.

Во телеграмата од Светата Столица која е пратена до претседателот на Кенија епископално здружение на кардиналот Џон Нжуе, се вели: „Папата ja осудува бесмислената бруталност на нападот извршен од сомалиските исламисти против учениците од Гарис“. Во телеграмата се нагласува дека папата е длабоко натажен од огромната и трагична загуба на човечки животи.

Поголемиот дел од убиените и повредените се ученици. „Ал Шабаб“ го нападнале универзитетскиот кампус среде ноќ, додека младите спиеле. Според очевидци, напаѓачите почнале да фрлаат гранати и да пукаат со автоматско оружје.

Уште во почетокот на нападот биле убиени десетици студенти, пред да одлучат да ги поделат останатите млади на две групи - муслимани и немуслимани, и да им дозволат на првите да го напуштат кампусот, а вторите да бидат во заробеништво во една од зградите.

Кризата заврши вчера вечерта со интервенција на кениските специјални сили и убивање на четворица напаѓачи. Денес студентите сведоци на трагедијата, раскажуваат што преживеале, пренесе „Франс прес“.

Пред да се поделат учениците во две групи, исламистите почнале да се потсмеваат со нив, раскажува 20-годишниот преживеан студент Салиас Омоса.

„Не се плашиме од смртта, ќе поминеме убави велигденски празници“, врескале напаѓачите пред да почнат да пукаат кон младите.

Салиас успеал да избега откако видел како двајца негови пријатели биле застрелани. Тој раскажува дека напаѓачите носеле маски и воени униформи.

„Насекаде имаше трупови, луѓето биле егзекутирани во редови, на некои главите им беа буквално изрешетани од куршумите, други беа прободени речиси насекаде од куршуми“, раскажувал Робен Миора, соработник во невладината организација во Меѓународниот спасувачки комитет, кој им давал помош на луѓето во кампусот. Луѓе на организацијата пристигнале во текот на битката помеѓу војската и терористите и Робен раскажува дека видел како војниците умираат пред неговите очи.

Кога спасувачките екипи влегле во зградата на кампусот, по подот имало тела. Сите изгледале како да умреле, но постепено се докажало дека има живи студентите сокриени меѓу труповите и останале таму со часови. Другите ученици биле на таванот од зградата, а трети биле скриени во ормарите. Преживеаните раскажуваат дека напаѓачите ги терале младите да телефонираat на своите родители и да ги натераат да се тргнат кениските сили од Сомалија. Кенија распореди војници во јужниот дел на соседната земја во крајот на 2011 година, за да се борат против „Ал Шабаб“.

Собирањето на трупови од кампусот продолжува и денес. Телата ќе бидат испратени во мртовечницата во кениската престолнина Најроби за обдукција. Многу од родителите на учениците веќе чекаат пред мртовечницата, бидејќи се уште не знаат каква е судбината на нивните деца.

Можеби ќе ве интересира

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете