При налетот на ураганот, град во Грција урна рекорд
Објавено во: Балкан 18 Септември, 2020
При налетот на ураганот, град во Грција урна рекорд во однос на наврнати количини на дожд.
Градот Ламија го урна европскиот рекорд со 142 мм врнежи на метар квадратен, а зад него е аеродромот Андравида со врнежи од 60 мм.
На четврто место е повторно локација од Грција, аеродромот Келфанија со 53,5 мм врнежи.
Ураган беснее во Грција. Бурата ,,Јанос” позната како медитерански ураган денеска ја зафати западна Грција.
Противпожарните служби имале 60 интервенции. Тие помагале да испумпуваат вода од домовите и продавниците. Брод потона во Кефалонија поради големите бранови.
Градоначалникот на Кефалонија, Теофилос Михалатос изјави дека никој не е повреден, но оштетени се домовите, транспортната инфраструктура и системите за водоснабдување.
Слично е и на Закинтос и Итака каде многу домови се без електрична енергија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.