ПРИДОНЕСИТЕ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ СТАНУВААТ УШТЕ ПОСКАПИ: Еве ја сумата што треба да се плати во Германија
Објавено во: Финансии, Свет 06 Март, 2024
Придонесите за здравствено осигурување во Германија стануваат уште поскапи. Според германските медиуми, многу компании за здравствено осигурување ги зголемиле дополнителните придонеси.
Германските пензионери, исто така, ќе мора да се подготват за повисоки придонеси за здравствено осигурување од овој месец, откако се покажа дека трошоците за здравствено осигурување за милиони работници се зголемени. Пензионерите сега ќе треба да платат над 200 евра повеќе. Сепак, може да има начин да се избегне, пренесува списанието Fenix.
На почетокот на годинава работниците забележале дека им поскапуваат придонесите за здравствено осигурување. Многу компании за здравствено осигурување воопшто не ги информирале своите клиенти за ова, но работниците дознале дури кога ги добиле ливчињата.
Секој што има пензија малку над државниот просек мора да очекува дополнителна исплата од 214 евра годишно. И со стандардната пензија од 1.620,90 евра, некои здравствени осигурителни компании сега бараат 67 евра повеќе.
Најважно е да добиете увид дали имате соодветно здравствено осигурување. Во АОК Нордост, на пример, дополнителниот придонес е 2,7 отсто. Високи дополнителни придонеси за здравствено осигурување бараат и Бармер со 2,19 отсто и АОК Порајње/Хамбург со 2,2 отсто.
Најголем пораст на дополнителниот придонес има во БКК Гроз-Бекерт. Порасна за цели 0,7 процентни поени - иако дополнителниот придонес овде беше претходно 0,0 проценти.
Германските медиуми јавуваат дека има и некои здравствени осигурителни компании кои ги намалиле своите давачки. Тие вклучуваат BKK Faber-Castell & Partner и Audi BKK, чиј придонес сега изнесува само 1,0 отсто.
Ако сакате, сигурно можете да го промените вашето осигурување. На интернет има портали за споредба каде што можете да ги најдете најдобрите понуди од осигурителните компании.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.