Прифатени измените на Законот за надзор на пазарот
Објавено во: Економија 07 Мај, 2013 14:58
Засилување на контролата на увозот на стоки и поефикасна координација на Координативното тело за контрола на пазарот, се дел од измените на Законот за надзор на пазарот што денеска помина во прво читање на собраниската Комисија за економски прашања.
Претставникот од Министерството за економија Билјана Стојановска појасни дека со измените се прави усогласување со европските директиви и со нив ќе се овозможи поефикасна координација на Координативното тело за надзор на пазарот.
Според претседателката на Комисијата, Владанка Авировиќ се работи за суштински закон со кој ќе се заостри контролата на увозот на стоки и производи, а со тоа индиректно ќе се заштити и потрошувачот, а ќе им се даде можност и на лабораториите да бидат рамноправни со оние од земјите членки на Европската унија.
Комисијата го разгледа и годишниот извештај за работата на Комисијата за заштита на конкуренцијата. Опозицијата како слабост на извештајот го посочи немањето информации за државната помош што им се дава на странските инвеститори на што претставниците од Комисијата појаснија дека податоците за доделената државна помош од минатата година ги добиваат до средината на оваа година, а бидејќи се уште ги немаат добиено податоците, не биле во можност да ги презентираат во извештајот.
Можеби ќе ве интересира
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра




