Приходите на „Heineken“ за првото полугодие ги надмина очекувањата
Објавено во: Економија 01 Август, 2016 10:21
Третата најголема компанија за производство на пиво во светот Heineken забележа профит за првата половина на годината, која ги надмина проценките на аналитичарите, и ја потврди прогнозата за проширување на годишната профитна маргина.
Приспособениот профит пред каматите и даноците се зголемил за 12,6% до 1,71 милијарди евра во првата половина на годината, изјавија од седиштето на Heineken во Амстердам во понеделникот. Средната оценка на аналитичарите анкетирани од Bloomberg, беше за 1,67 милијарди евра.
Волуменот на продадено пиво на Heineken на органска база се зголеми за 4,1%, што е помалку од проценката за раст од 4,3%.
„Презентацијата во првата половина одразува многу добар прв квартал, поттикнат и од меките компаративни податоци“, вели главниот извршен директор Жан-Франсоа ван Боксмеер во соопштението. „Иако Африка, Блискиот Исток и Источна Европа продолжуваат да бидат предизвик, презентацијата беше силна во некои клучни пазари во развој како Виетнам и Мексико“.
Според прогнозата на Heineken Азија ќе го зајакне растот на продажбата покрај застојот на пазарот на пиво во Европа и слабеење на потрошувачка во Русија и Нигерија поради ниските цени на нафтата.
Можно е да се наметне Heineken да склучи договор со некој многу поголем конкурент слично на стекнувањето на SABMiller од Anheuser-Busch InBev за 104 милијард долари.
Можеби ќе ве интересира
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?




