19 Декември, 2025
0.2744

Приходите од дуелот Македонија-Португалија како помош за Србија и БиХ

Објавено во: Балкан 20 Мај, 2014 20:02

Добивај вести на Viber

Фудбалската федерација на Македонија, која денеска испрати донација во флаширана вода за поплавените региони во Србија, Хрватска и БиХ, донесе одлука да ги донира и приходите од натпреварот Македонија – Португалија.

ФФМ ќе ги донира сите приходи од претстојниот натпревар на репрезентацијата до 21 година помеѓу Македонија и Португалија, кој се игра во рамките од квалификациите за Европското првенство, за погодените од катастрофалните поплави во Србија, БиХ и Хрватска.

Натпреварот ќе биде одигран на 23 мај на Националната арена „Филип Втори’’ во Скопје со почеток во 18 часот, а билетите по симболична цена од 50 денари веќе се пуштени во продажба, низ вообичаената продажна мрежа.

- Со секој купен билет им даваме поддршка на луѓето на кои оваа природна катастрофа од корен им го смени животот! Уште еднаш да покажеме дека сме хумани!, се наведува во информацијата објавена на веб страната на Фудбалската федерација на Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен