Пријави се до 29 август и добиј маица во стартниот пакет за Виз Ер Скопски маратон 2025
Објавено во: Мои пари 22 Август, 2025 13:40
Секоја година, улиците на Скопје се претвораат во сцена на инспирација, спортски дух и заедништво. Виз Ер Скопски маратон 2025 оваа година ќе се одржи на 5 октомври, а веќе се отворени вратите за сите оние што сакаат да бидат дел од најголемиот спортски настан во државата, бидејќи пријавувањето е во полн ек.
Овој спортски настан со меѓународен карактер одамна не е само маратонска трка, туку симбол на нови почетоци, лична трансформација и заедништво, за поддршка на заедницата и за славење на спортскиот дух што обединува. Вистинските шампиони не го чекаат последниот момент – тие се пријавуваат навреме и подготвено излегуваат на патеката, со јасна цел и чиста енергија. Затоа што маратонот е повеќе од физички напор – тоа е израз на истрајност, дисциплина и инспирација. Под мотото „Трчањето ќе те промени“, сите учесници, без разлика дали се професионалци, рекреативци или дебитанти, имаат шанса да бидат дел од приказна која инспирира.
Во рамките на маратонот, учесниците можат да се пријават за класичниот маратон (42.195 километри), полумаратон (21.097 километри), штафетен маратон ЕУ за спорт и трката на 5 километри. Без разлика на изборот, секоја трка е можност да се тестира сопствената издржливост и да се почувствува уникатната атмосфера што ја носи Виз Ер Скопски маратон.
Последен рок за регистрација на сите трки е 19 септември, а оние што ќе се пријават до 29 август ќе добијат на маица со логото на трката. Ова е можност сите заинтересирани да го обезбедат својот стартен пакет навреме и да ја понесат уникатната маица што симболизира дека се дел од најголемата трка во земјата.
Покрај тоа, името на стартниот број ќе биде испечатено за сите што ќе се пријават до 10 септември, а стартниот пакет за сите трки содржи и 20 ЕУР вредносен ваучер од Wizz Air, торбица, бесплатни фотографии, медал на крај од трката (за маратон, полумаратон и штефетна трка), освежување и овошје, онлајн диплома, дигитален стартен пакет, осигурување од несреќен случај за време на траење на маратонот и подарок од партнерите на маратонот.
Пријавувањето се врши исклучиво преку официјалната веб-страница http://skopskimaraton.com.mk/prijavuvanje, каде секој заинтересиран може да избере трка, да добие информации за стартните пакети и да го резервира своето место на стартот.
Ако трчањето е метафора за животот, тогаш Виз Ер Скопски маратон 2025 е можност да се постави нов почеток. Без разлика дали трчате за време, за здравје, за некој близок или само за себе – оваа трка ќе ви покаже колку далеку можете да стигнете кога верувате во себе. Не чекајте последен момент – пријавете се навреме, добијте ја својата маица и бидете дел од заедницата што трча со срце. Затоа што вистинските шампиони подготовките ги почнуваат навреме.
ПР објава* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





