18 Декември, 2025
0.0374

Приказна која го потресе Балканот: Останав на просјачки стап- детето ми плачеше од глад

Објавено во: Балкан 31 Мај, 2015 11:54

Добивај вести на Viber

Не можев да дозволам детето во ноќта да плаче од глад. Морав да ја дадам на Центарот за социјална заштита. Тоа е тешко. Секаде ја гледам, ќе легнам на креветот ја гушкам нејзината играчка и плачам, ова го раскажува очајниот татко Матес Неонски (38) од Хрватска за периодот кога морал да ја даде ќерката пред да ја почувствува хуманоста на граѓаните кои му помогнаа да си го врати семејството. Тоа со што Матес морал да се соочи  допре до многу срца, тој и неговото семејство поради сиромаштијата преживеале многу тешки денови, морал да се раздели од најмилото и да ја преживее со суровоста на животот, еве ја неговата приказна: Поради сиромаштијата во која тие живееле, неговата жена со помалата ќеркичка заминала кај мајка си, тој останал со 4 годишната Неа, но откако западнал во се поголема сиромаштија морал да ја даде во центарот за социјални работи. За неговата сиромаштија велат соседите виновна е неговата добрина. Првата сопруга го оставила со долгови. Имено додека тој бил во војска таа имала пристап до неговата сметка. Ја испразнила сметката и му оставила и долг од околу 10.000 куни. Tогаш го оставила. По неколку години ја запознал својата втора жена. Бил во армијата за време на војната и добил пензија поради служење во војската но потоа не можел да остане глув на молбите на неговата сестра да подигне кредит на негово име бидејќи како бранител тој можел, за сестрата да изгради куќа. Го сторил тоа – но ратите сестрата не само што не ги плаќала туку и не сакала да разговара со него. Така тој последните години од пензија која изнесувала 3.037 куни добивал само 127 куни. “Од утро до вечер јас бев во движење. Не ми беше срам на крајот и да просам по куќи да барам храна и да молам. Како да ми е срам кога децата ми беа гладни“. А тој тој веќе 3 години јадел само леб и маст. И центарот за социјално и соседите велат дека тој е добар татко, децата секогаш биле уредни и насмеани, а тој околу нив. Тој се обратил до медиумите – не бара многу кој колку има градежен материјал, мајстори кои би се согласиле да му помогнат – нешто било што. Веднаш по објавувањето на сторијата неговиот живот се промени, а тој се насмеа по долго време. Тотален странец му гради куќа – а помош пристигнува од целиот Балкан. prosjackistap Иселеник од Хрватска кои со години живее во Швајцарија бил на одмор во родниот крај кога ја прочитал приказната за овој несреќен татко. Веднаш го запалил автомобилот и отишол да ја најде куќата. Матес не бил дома но човекот ги измерил сите врати, ѕидовите и веднаш нарачал градежен материјал и ангажирал мајстори – потоа отишол во центарот за социјално и им ги кажал плановите.Таткото не можел да поверува што слуша. Освен тоа сосед од селото му ја отстапил својата куќа да престојува со девојчето во неа додека неговата не биде готова. а освен што од цела Хрватска пристигнуваат пакети, бела техника, гардероба и храна, помош добил и на сметката на ќерката која ја отворил за оваа намена со помош на центарот за социјално. Ништо нема да биде неискористено – до сите добри луѓе од целиот Балкан им благодарам и ветувам – тоа што мене нема да ми треба ќе го дадам некому кому навистина му е потребно. Не можам да дочекам моето дете да ја види собата полна со играчки, леле која среќа ќе биде тоа за неа. А фрижидерот е преполн со храна која со години не сум ја ни видел ни помирисал. Вчера јадев грав – дали знаете која гозба беше тоа за мене – вели насмеан таткото кој во среда ќе биде повторно со својата ќеркичка бидејќи центарот одлучил дека може да му ја врати. Обработи: К.К

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии