29 Септември, 2024
0.0251

Приказната за мажот со големите чевли

Објавено во: Анализа, Економија 08 Октомври, 2014

Добивај вести на Viber

Во Германија се смета за невообичаено, ако даден претприемач е успешен и истовремено религиозен. Хајнц-Хорст Даихман сепак е пример за таков бизнисмен. Тој живее според строгите христијански принципи и успева да се издигне до еден од најбогатите Германци благодарение на концептот да продава евтини чевли. Инвеститорот од градот Есен, кој ја создава една од најважните семејни компании во Германија, почина минатиот четврток на 88 години. Всушност Хајнц-Хорст Даихман немал намера да влегува во бизнисот со чевли. Иако тој е син на трговец на чевли од Есен, кој основал трговската компанија уште во 1913 година, Даихман претпочита по војната да заврши училиште и да студира медицина и теологија. Младиот човек станува ортопед и работи неколку години како лекар. Фирмата на починатиот уште во 1940 година првично била предводена од заедница на наследниците. Но семејната традиција сепак го привлекува Даихман и тој ја презема семејниот бизнис во почетокот на 1956 година. Со него на чело започнува една необична приказна за успехот. Даихман станува најголем продавач на чевли во Германија и лидер на пазарот во Европа. Воведувањето на германската марка во 1948 година е почетната искра за експанзијата на империјата Deichmann. "Имавме само неколку пара чевли во продавница, веднаш се продадоа. Со добиените пари се преселив во Пфалц каде порачав нови чевли. Така тргна бизнисот ", раскажал пред Die Welt претриемачот кој доволно проживеа. Сепак долго време бизнис со обувки е само дополнително занимање за Даихман, бидејќи до 1956 година тој секојдневно оперира во клиника во Дизелдорф. На патот од болницата секој ден зема од фабрика и хартија за пакување на чевлите. Дури во 1956 година претприемачот се концентира целосно врз бизнисот со чевли. Во 1974 година Deichmann веќе има 100 продавници. Тогаш во Швајцарија бизнисменот купува синџирот продавници за чевли Dosenbach и со тоа го означи почетокот на меѓународното развој. Минатата година истоимената компанија има продадено 165 милиони пара чевли, приходи од околу 4,6 милијарди евра. Империјата Deichmann сега се протега во 22 земји во Европа,а стигна дури до Америка. Во 3500 претставништва команијата има околу 35 000 вработени. Мотото на Deichmann звучи доста едноставно, но Даихман успева да направи од само звучи принцип вистински успех. "Добри чевли за пошироката публика по многу разумни цени". Тоа брзо на бизнисменот му го носи прекарот "Aldi на чевли", што и во потесна смисла на зборовите е многу соодветна споредба, бидејќи и најуспешните основачи на Aldi Карл и Тео Албрехт се од Есен . Даихман постигнува успех, откако своето производство го сели во Азија, каде што платите се ниски. Но овој бизнис принцип му донесе на инвеститорот и силна критика. Се појавија шпекулации дека изнајмувал луѓе во Азија во нехумани услови. Овој напад го повредил, тој изјавил дека прави се што е можно за да го побие. За него водечкиот принцип отсекогаш бил "компанијата да им служи на луѓето". Секоја форма на експлоатација не би одговарала на христијанските принципи на живот на овој човек, кој, слично на својот татко, строго ја следи евангелската веронаука и ги пренесува своите верувања на својот син Хајнрих, кој раководи со компанијата од 1999 година. Мажот со снежно бело коса понекогаш им овозможувал на новинарите да го допрат неговиот внатрешен свет. Така на пример тој за списанието Bunte вели дека една од целите му е "да не дозволи Германија да потоне во безбожност". Слично на браќата Албрехт и семејство Даихман преферира да делува на принципот на тишината, кога станува збор за финансиските податоци на компанијата. За бизнисот се објавуваат само најпотребните податоци, но профитот останува тајна. Сепак се смета дека компанијата е исклучително профитабилна и дека работи без значителни банкарски кредити. За разлика од основачите на Aldi милијардерот Хајнц-Хорст Даихман никогаш не ја криел својата општествена ангажираност. Освен компанијата тој ја гради и хуманитарна институција Wortundtat која има згрижено околу 200.000 луѓе. Негово е и реченицата: "Бог нема да ме прашува конечно колку чевли сум продал, туку дали сум живеел како вистински христијанин". Веројатно затоа тој на својот персонал му дава широки социјални бенефиции. Социјалните обврски сепак не го попречуваат да одржува одредено ниво на луксуз. Прекрасна вила во Швајцарија е дел од животот на Хајнц-Хорст Даихман, како и неговата љубов кон рачно пришиени чевли кои не се нудат во продавниците . Инвеститорот очигледно не ја дочека смртта неподготвен. Неколку дена пред смртта тој дал интервјуи за религиозното издание Pro. "Каква желба сакате да си исполните?", Го прашува репортерот. И добива само едне реченица како одговор: "Моите соништа се исполнети". К.К.