Прилепчанец одбива на Бугарија да и продаде дел од куќата
Објавено во: Македонија 30 Мај, 2024 10:03
Сопственикот на дел од куќата на славниот бугарски писател Димитар Талев во Прилеп одбива да го продаде својот имот на бугарската влада. Ова го обелодени самата влада на Бугарија на последната седница,на која признава дека не може никако да го убеди сопственикот да се откаже од недвижнината и да ја продаде.
Талев е еден од најпознатите бугарски писатели, протеран од Македонија поради великобугарски шовинизам. Неговото дело епризнато и од УНЕСКо за придонес кон светската култура. Се смета за гениј на бугарската книжевност, а Бугари го посетуваат неговото родно место во Македонија.
Бугарската Влада го задолжи министерот за култура Најден Тодоров што поскоро да ја истражи можноста и ја започна постапката за купување на родната куќа на Димитар Талев во Прилеп. Околу ова се обединија министрите од кабинетот на премиерот Димитар Главчев на вчерашната седница.
„Донесена е одлука за стекнување на имотот од страна на бугарската држава уште во јуни 2023 година, но досега не се преземени конкретни дејствија. Ова е и причината што темата и формално влезе во агендата на извршната власт. Конкретна причина за одлуката на Министерскиот совет е информацијата за уривање на дел од куќата, која со години се урива и нејзината состојба е исклучително лоша.
Проблемот е што во моментот само сопственичката на 2/3 од имотот се изјаснила дека сака да го продаде нејзиниот дел, а во 2023 година цената што таа ја побарала е 100.000 евра. Но, другата 1/3 е на друг сопственик, кој категорично одбива да го продаде својот дел на бугарската држава.“, стои во објава на Владата на Бугарија.
„ Мора да се најде итно решение, да се преземат сите активности за спас на куќата на големиот бугарски писател, вклучително и дипломатски. Им должиме на нашите деца, куќата мора да се зачува, реставрира и да се претвори во музеј“, рече премиерот Димитар Главчев.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Maкедонија договори стратешко партнерство со Велика Британија - најавени инвестиции од шест милијарди евра

БРИТАНЦИТЕ ОБЈАВИЈА СООПШТЕНИЕ: Лидерите разговарале за договорот на Северна Македонија за приклучување кон Заедничката работна група за миграција

Синот на Ѓорѓија Сајковски е матурант: Му посака успех и да се бори со новите предвизици

ДАВИТКОВСКИ ЗА СУДСКИОТ ПРОЦЕС ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Aко не се подели, мислам со 50-60 обвинети тоа ми личи на змиско око

ТУФЕГЏИЌ: Снимката со лопата исклучува било каква поврзаност на таткото Александар Ѓорчевски со грабнувањето

(ВИДЕО) MИЦКОСКИ: Постигната согласност за договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство

„КОЈ Е СЛЕДЕН“ НАПРАВИ ГЕРИЛА АКЦИЈА: Пред ОЈО Скопје поставија платно со имињата на загинатите во пожарот и другите трагедии

НОВО ПОГЛАВЈЕ ВО ОДНОСИТЕ: Македонија ќе потпише стратешко партнерство со Обединетото Кралство

ОРЦЕ СЕ ПОФАЛИ: Приходите на Кисела Вода се повеќе од два пати зголемени во последните две години
