Прилепчани добија тениско игралиште
Објавено во: Македонија 20 Март, 2013
Како дел од проектот „100 тениски игралишта“ денеска и во до дворот на прилепското основно училиште „Гоце Делчев“ денеска беше пуштено во употреба тениско игралиште, во присуство на двајца министри, министерот за финансии и вицепремиер Зоран Ставрескi како и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
„Како Влада ние во еден партнерски однос со локалната самоуправа ќе продолжиме да ги поддржуваме добрите иницијативи без разлика дали тие се за подобрување на условите за спорт, инфраструктурата и генерално, условите за живот во Република македонија“, рече министерката Јанкулоска.
Според најавите од општинските власти наскоро ќе се изгради второ тениското игралиште во прилепската гимназија „Гоце Делчев“, а градот треба да добие и 6 спортски сали како и реконструиран градски стадион.