Прилепски планинари ќе ги чистат остатоците во Трескавец
Објавено во: Македонија 10 Февруари, 2013
Педесеттина прилепски планинари утрово тргнаа пеш кон манастирот Трескавец за да ја почнат првата од многуте неделни акции за расчистување на изгорените конаци.
- Нема ништо да не спречи да стигнеме до Трескавец. Педесетина планинари се подготвени да го изодат тешкиот пат, за какви било возила моментално непрооден по снегот деновиве. Ќе го расчистиме теренот за да направиме простор за новата акција, изјави вчера Ице Димески, претседател на планинарското друштво „Картуш“.
Во текот на денов ќе се работи во приземниот дел, за потоа, со втората неделна акција да се постават скелиња за расчистување на катот на конаците. Алатот од ЈП „Комуналец“ е веќе транспортиран во манастирот. Општинското кординативното тело ќе ја надгледува акцијата.
Деновиве од Заводот и музеј и јавните претпријатија ја скенираа состојбата и е одредено што може да се расчистува.