Принцот Чарлс позитивен на тестот за корона вирус
Објавено во: Свет, Корона Вирус 25 Март, 2020 12:22
Принцот Чарлс е позитивен на тестот за коронавирусот, објави неговиот портпарол. Принцот од Велс, инаку 71 годишен, покажува благи симптоми „но инаку останува во добра здравствена состојба“, рече гласноговорникот, додавајќи дека војвотката Камила од Корнвол (72) е тестирана, но нема вирус.
И Чарлс и Камила сега се самоизолираат во Балморал. Бакингемската палата соопшти дека кралицата последен пат го видела својот син на 12 март, но и дека исто така „останува во добра здравствена состојба“.
Кралицата, додаде палатата, „ги следи сите соодветни совети во однос на нејзината благосостојба“.
Во изјавата на Кларенс Хаус се вели: „Во согласност со владините и медицинските совети, принцот и војвотката сега се самоизолираат дома во Шкотска. Тестовите беа спроведени од страна на NHS во Абердиншир, каде ги исполнија критериумите потребни за тестирање.
„Не е можно да се утврди од кого принцот го фатил вирусот заради големиот број ангажмани што ги извршил во својата јавна улога во последните неколку недели“.
Последниот јавен ангажман на принцот беше на 12 март, но работеше од дома во последните неколку дена. Сите лица со кои имал состаноци биле запознаени за тоа.
Според најновите бројки на британското министерството за здравство и социјална заштита, сега има повеќе од 8000 потврдени случаи на коронавирус во Велика Британија - иако вистинските случаи веројатно се далеку поголеми. Околу 422 од тие пациенти починале.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници
Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна
Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?
„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите
Трамп за Венецуела: Знаеме каде живеат лошите момци и ќе започнеме многу наскоро
Украински дронови погодија цели во Чеченија, удар за Ахмат
Романија, Бугарија и Ирак се соочуваат со клучни одлуки за Лукоил и роковите на САД
БРИСЕЛ ГОРИ ПО „ПАДОТ“ НА МОГЕРИНИ: Конфликтот во ЕУ се разгорува, се подготвува ново гласање за недоверба?!
РУБИО ОТКРИ КАЈ Е ГЛАВНИОТ СПОР ЗА МИР ВО УКРАИНА - дваесет проценти од Доњецка Народна Република





