19 Декември, 2025
0.0665

Двоецот Груевски и Бакрачески ќе го светнат Охрид: владина поддршка за најтуристичкиот град!

Објавено во: Економија 06 Мај, 2013 19:34

Добивај вести на Viber

Училишта, патишта, поттикнување на локалниот економски развој, како и начини на спроведување на ветенувањата од страна на градоначалникот Бакрачески во предизборието, сево ова било тема на разговор меѓу новиот градоначалник и премиерот Груевски, кој, практично за прв пат посетува некој охридски градоначалник, ако се знае дека со претходниот, Петрески, не беа во добри односи. Идните планови  и проекти за развој на општина Охрид кои ќе значат подобрување на животот на ѓраѓаните и решавање на долгогодишните предизвици со кои се соочува општината беа тема на разговор на денешната средба на премиерот Никола Груевски со охридскиот градоначалник Никола Бакрачески. Главна тема на разговорот, како што информира владината прес-служба, беа проектите кои се ветени во програмата за работа на општина Охрид, а кои со заедничка поддршка на Владата треба да се реализираат во наредниот период. Премиерот Груевски изворно беше информиран од страна на градоначалникот Бакрачески за динамиката и планот за нивна реализација. Како дел од проектите, Бакрачески уште во предизборието ги посочи изградбата на модерна автобуска станица, изградба на катни гаражи, аква парк, затворен зелен пазар, како и реконструкција на улици и велосипедски патеки. Од страна на премиерот Груевски беше истакнато дека Владата континуирано ги поддржува напорите на општините за поттикнување на локалниот развој, што се отсликува преку проектите за модернизација на локалните и регионални патишта, поддршка на образованието, одвојувањето финансиски средства за изградба и реконструкција на училишта, но и поддршка и поттикнување на локалниот економски развој што ќе придонесе за остварување на капацитети кои ќе значат и нови работни места за граѓаните. Бакрачески посочи дека активно работи и е насочен за надминување на најголемите хронични проблеми на Охрид и излегување во пресрет на реалните барања и потреби на охриѓани.

Можеби ќе ве интересира

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра