Прислушувањето на новинари ја турна на дно медиумската слобода во Македонија
Објавено во: Македонија 09 Ноември, 2016
Во Македонија нема слобода на медиумите. Ова е заклучокот на последниот извештај на Фридом Хаус за состојбата со медиумите во земјава.
Фридом Хаус оценува дека медиумите во Македонија се длабоко политички поделени, а поради незаконското владино прислушување на голем дел од новинарите, годинава медиумската слобода премина од делумна слободна во медиумски неслободна земја.
Коруптивни врски меѓу функционери и сопственици на медиуми и зголемување на заканите и нападите врз медиумските работници се наведуваат како дополнителна причина поради која Македонија се најде на ова место во медиумската слобода.
Во извештајот пишува и за притисокот од сопствениците на медиуми врз новинарите, за ниската плата која ја зема седмата сила, закани и малтретирања во истражувачкото новинарство или критичко пишување.
Акцент е ставен и на прислушувањата и снимките кои ги објави опозицискиот лидер пришто од наодите на Европската комисија, орагнизацијата посочува дека дополнителната истрага покажала дека треба да се поддржат тврдењата на Заев.