Притисокот на водата расте, до кога ќе издржи Слатинската брана?
Објавено во: Македонија 26 Февруари, 2013 19:17
Состојбата со браната во Слатино останува крајно сериозна.Големи количини вода веќе четври ден по ред истекуваат неконтролирано, а иако денеска нема нови оштетувања, поројните дождови дополнително го зголемија притисокот.
Од Координативното тело за Слатинска брана информираа дека ќе се обидат да ја намалат опасноста од уривање на браната со отстранување на бетонскиот преливник на акумулацијата. Ако успеат да го сторат тоа, се надеваат дека водостојот на езерото ќе падне за околу два метри, ќе се намали притисокот на водата и ќе се спречи натамошно оштетување на насипот.Жителите живеат во страв, а оние од најзагрозените куќите во населбата Слатински чифлик се веќе евакуирани. Сепак голема е опасноста и за населението во атарите на селата Слатино и Издеглавје.
Покрај за животот тие се плашат и за своите имоти и нивите кои за повеќемина се единствен извор на егзистенција. Во акумулацијата кај Слатинска брана има околу1,4 милиони кубни метри вода. Освен помали интервенции, браната на езерото никогаш не била санирана, а правена е уште пред половина век.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски





