Добивај вести на Viber
Еден од условите договорени од Грција во договор постигнат на 13 јули, за да го отвори патот кон преговорите за нова спасувачка програма, беше продажба на грчки средства во вредност од 50 милијарди евра.
Иако планот не е нов - доверителите пред се сакале приватизација на претпријатијата, за да се обезбеди кеш за економијата - тоa беше блокиранo долго време и под управување на партијата СИРИЗА влезе во судир со многу од клучни позиции на властите, пренесува DPA.
Одреден напредок беше постигнат во претходните влади. Дел од атинското пристаниште Пиреја беше дадено на лизинг на кинеската транспортна компанија Cosco која го трансформира во центар за производи наменети за Источна Европа, и создаде околу 1.500 работни места за три години.
Минатата година државната лотарија OPAP беше продадена за 652 милиони евра и некои згради во сопственост на државата, исто така беа продадени.
Но новиот договор веќе предизвика ветувања да се најде други начини за собирање на капитал, а грчкиот министер за енергетика Панос Скурлетис вети во интервјуто објавено во саботата во весникот Agora дека државата ќе побара "алтернативни еквивалентни мерки" на продажба на националниот електричен оператор ADMIE.
Продажбата на ADMIE беше еден од условите на договорот од 13 јули, според кој Грција треба или да ја приватизира компанијата, или да најде компензирачка мерка која да има "еквивалентен ефект врз конкурентноста".
ADMIE е дел од грчката Државна енергетска компанија / DEI /, во која државата поседува над 50 отсто од акциите. Скурлетис, кој претходно беше министер за труд, пред да го преземе енергетскиот сектор по промените во кабинетот на 17 јули, изјави дека улогата на DEI е "непроценлива".
Забелешките можеби укажуваат на тешкотијата да се најде политичка волја да се осигура дека приватизациониот фонд оди напред. Првично беше предвидено тој да се наоѓа во Брисел, но премиерот Алексис Ципрас се борше со сите сили за време на преговорите во Брисел, за да се осигура дека тој ќе биде управуван од Грци.
Атинската водоснабдителна и канализациона компанија, атинскиот меѓународен аеродром, Грчките поштенските услуги, нафтената компанија Hellenic Petroleum, DEI, пристаништето во Солун и Државната гасна корпорација се меѓу другите проекти, приготвени за продажба, според новиот грчки приватизационен фонд.
Многу од луѓето кои работат во компаниите, се очекува да протестираат против нивната продажба на меѓународните купувачи и во некои случаи постои загриженост за блокади на патиштата. Азербејџанската фирма СОКАР, која предложи да ја купи компанијата за дистрибуција на гас ДЕСФА, сеуште чека зелено светло од Европската комисија.
Отворено прашање е дали 50 милијарди евра е остварлива цел, бидејки предлогот беше прифатен со скептицизам од многу луѓе. Планот од 2011 година, чија цел е да собере 50 милијарди евра до 2015 година преку приватизации на грчки претпријатија, беше постојано ревидиран во насока надолу. До декември 2014 година беа добиени само 1,3 милијарди евра.
Обработка: К.К.
Извор: DPA