Приватизацијата на српската агенција “Танјуг” пропадна, нема кандидат-купувач
Објавено во: Балкан 13 Август, 2015 21:06
Ниту еден кандидат не побарал да учествува во тендерот за приватизација на српската новинска агенција "Танјуг", објави "Ројтерс". Така продажба на 72-годишната агенција некогаш најмоќниот орган на социјалистичка Југославија, пропадна.
"Танјуг", скратено од "Телеграфна агенција на Југославија", е меѓу 38-те државни медиуми, кои на крајот на јуни беа објавени за приватизација. Почетната цена за нејзина продажба беше 761 илјади евра.
Српската агенција за приватизација објави дека не добила ниту една понуда за "Танјуг" до истекот на утврдениот рок и продажба на новинската агенција била прогласена за "неуспешна". Засега не е познато дали ќе биде организиран нов тендер, забележува БТА.
Во "Танјуг" работат околу 200 луѓе, значително помалку од времето на југословенскиот цут, кога се одржуваше мрежа од дописници во целиот свет. Во 2014 година профитот на агенцијата пред оданочување беше 680 илјади динари (5 623 евра). Агенција Танјуг е основана во 1943 година од страна на југословенските партизани комунисти и премина во рацете на Србија по распадот на федерална Југославија во 90-тите години.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




