Приватизацијата во Грција – стар план во нови алишта
Објавено во: Балкан 29 Јули, 2015 14:23
Еден од условите договорени од Грција во договор постигнат на 13 јули, да го отвори патот кон преговорите за нова спасувачка програма, беше продажба на грчки средства во вредност од 50 милијарди евра.
Иако планот не е нов - кредиторите и пред се сакале приватизација на претпријатијата, за да се обезбеди кеш за економијата - тој беше блокиран долго време и под управување на партија „СИРИЗА“ влезе во судир со многу од клучните позиции на властите.
Одреден напредок беше постигнат во претходните влади. Дел од атинското пристаниште Пиреја беше дадено на лизинг на кинеската транспортна компанија „Cosco“ која го трансформира во центар за производи наменети за Источна Европа, и создаде околу 1.500 работни места за три години.
Минатата година државната лотарија „OPAP“ беше продадена за 652 милиони евра и некои згради во сопственост на државата, исто така беа продадени.
Но новиот договор веќе предизвика ветувања да се најдат други начини за собирање на капитал, а грчкиот министер за енергетика Панос Скурлетис ветил во интервју објавено во саботата во весникот „Agora“ дека државата ќе побара „алтернативни еквивалентни мерки“ за продажба на националниот електричен оператор „ADMIE“ .
Продажбата на „ADMIE“ беше еден од условите на договорот од 13 јули, според кој Грција треба или да ја приватизира компанијата, или да најде начин да ја компензира мерката која ќе има „еквивалентен ефект врз конкурентноста“.
„ADMIE“ е дел од грчката Државна енергетска компанија „DEI“, во која државата поседува над 50 отсто од акциите. Скурлетис, кој претходно беше министер за труд, пред да го преземе енергетското место по промените во кабинетот на 17 јули, изјавил дека улогата на „DEI“ е „непроценлива“.
Забелешките можеби укажуваат на тешкотијата да се најде политичка волја да се осигура дека приватизациониот фонд оди напред. Првично беше предвидено тој да се наоѓа во Брисел, но премиерот Алексис Ципрас се бори со сите сили за време на преговорите во Брисел, за да се осигура дека тој ќе биде управуван од Грците.
Атинското водоснабдување и канализациона компанија на атинскиот меѓународен аеродром, Грчките поштенските услуги, нафтената компанија „Hellenic Petroleum“, „DEI“, пристаништето во Солун и Државната гасна корпорација се меѓу другите проекти, подготвени за продажба, според новиот грчки приватизационен фонд.
Многу од луѓето кои работат во компаниите, се очекува да протестираат против нивната продажба на меѓународните купувачи и во некои случаи постои загриженост за блокади на патиштата. Азербејџанската фирма „СОКАР“, која предложила да ја купи компанијата за дистрибуција на гас „ДЕСФА“, сеуште чека зелено светло од Европската комисија.
Отворено прашање е дали 50 милијарди евра се остварлива цел, кое како предлог беше прифатено со скептицизам од многу луѓе. План од 2011 година, чија цел е да собере 50 милијарди евра до 2015 година преку приватизациите на грчки претпријатија, беше постојано ревидиран во насока надолу. До декември 2014 година беа добиени само 1,3 милијарди евра.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




