Приватните болници ќе хоспитализираат болни од КОВИД-19
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 16 Јуни, 2020
Приватните болници ќе хоспитализираат болни од коронавирусот.
Ова е одлука од 69-та седница на Владата.
Со уредба се овозможува и приватните болници да хоспитализираат и да укажуваат нега и терапија на болни од КОВИД-19.
Владата ја дополни Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравствената заштита за време на вонредна состојба, согласно која сега и приватните здравствени установи, во рамките на вршењето на дејноста за интензивна нега и терапија, ќе можат да укажуваат здравствени услуги и за заразната болест коронавирус КОВИД-19 за пациентите примени во установата кај кои во текот на укажувањето на здравствените услуги за дијагностицирање, лекување, третман, нега и рехабилитација во установата е утврдено присуство на причинителот Sars-Cov-2 вирус за заразната болест КОВИД-19.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.