19 Декември, 2025
0.0587

Приведен сопственикот на „Гламур груп“ измамил граѓани со продажба на мебел и не го испорачал

Објавено во: Економија 09 Март, 2013 12:48

Добивај вести на Viber

Полицијата го приведе Г.К. (49), управител на фирмата „Гламур груп“ Скопје, и против него поднесе кривична пријава поради постоење основано сомнение за кривично дело „измама“

МВР денеска соопшти дека пријавениот како управител на „Гламур груп“ во текот на 2011 година со лажно прикажување факти за неговата фирма како успешна довел во заблуда две физички и едно правно лице дека наводно ќе им испорача мебел. Му исплатиле вкупно 1.959.112 денари, сума за која ги оштетил.

Во декември 2011 година на физичко лице од Скопје му понудил да стане содружник во неговата фирма и од него побарал и примил позајмица во износ од 390.000 денари, со ветување дека парите ќе му ги врати во рок од два месеци, иако знаел дека не може да му ги врати бидејќи ги потрошил за лични потреби.

Исто така, пријавениот се договорил со сопственикот на правно лице од Богданци – производител на мебел, преку неговата фирма да врши продажба на мебел во Скопје, при што набавил мебел во износ од 1.533.112 денари за што му биле изготвени фактури и испратници потпишани од негова страна. Пријавениот не ги прокнижил во неговото сметководство, а мебелот го продал на физички лица со што парите ги присвоил за себе. Во март 2012 година учествувајќи на Саемот за мебел довел во заблуда лице од Гевгелија така што се презентирал како производител на мебел и дека е еден од сопствениците на фирма од Богданци, при што го навел лицето да му исплати парични средства во износ од 36.000 денари, при што не му го испорачал договорениот мебел. Од страна на Единица за економски и компјутерски криминал СВР Скопје за пријавениот е распишана централна потерница, при што на  4  овој месец полициските службеници АЛФА го привеле во Полициската станица Кисела Вода. Истражен судија на пријавениот му одреди превентивни мерки за забрана на напуштање на Скопје и за издавање патна исправа.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар