17 Декември, 2025
0.0379

Продадена мрежата на банки „Хипо“: На Балканот влезе американски капитал!

Објавено во: Балкан 30 Октомври, 2014 19:34

Добивај вести на Viber

Американскиот фонд „Адвент“ во соработка со Европската банка за обнова и развој ќе стане нов сопственик на австриската мрежа банки „Хипо“, која има свои филијали во повеќето балкански земји. Формалната одлука за продажба на банките била донесена синоќа. Со ова „Адвент“ треба да ги преземе сите балкански банки под брендот на „Хипо“, кои работат во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија и Хрватска. Наскоро се очекува формалното потпишување на договорот. Веќе се во тек подготовките за продажба. Од денеска австриската Хипо Алпе Адриа Банка и поделена на холдингот Хипо банки кои работат во Југоисточна Европа и кои ќе се продаваат на Американците, и на дел под името Хета Ашет Резолушн, кој постепено ќе се разградува и нема да оди на продажба. „На одлуката за нов сопственик претходеа интензивни разговори со многу потенцијални инвеститори, бидејќи сакавме да го сочуваме интегритетот и да овозможиме сигурна иднина за работата на Хипо банките“, изјави претседателот на Управниот одбор на Хипо Алпе Адриа Банк, Херберт Валтер. За зделката биле заинтересирани неколку инвеститори, со оглед на добрата позиционираност на банката на пазарот на Југоисточна Европа. станува збор за банкарска мрежа со шест банки во пет балкански земји, со вкупен биланс од 8,4 милијарди евра, 245 деловни објекти и околу 1,15 милиони клиенти. Но, со исклучок на делот во Југоисточна Европа, останатиот дел од банката претрпе сериозен удар од финансиската криза. Хипо банката ги чинеше австриските даночни обврзници 5.5 милијарди евра од обидите за нејзин спас во 2009 година, а се очекува за ваквата трансформација да бидат потребни и дополнителни средства.

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни