Продановска: Инспекторите беа спречени да извршат контрола, од објектот излезе политичар
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 03 Јуни, 2020
Раководителот на Инспекциски надзор одделение Скопје, Мери Проја Продановска вечерва на прес - конференција изјави дека имало проблеми да се изврши контрола во објект на улицата Боемска.
Вработените не отворале, а инспекторите влегле во објектот по два и пол часа. Продановска вели дека таму е затекнат еден политичар, односно претседател на политичка партија. Ова се случило по 18 часот.
„Еден апел до сите граѓани, до сите политичари, да се свестиме дека ситуацијата е драматична. Јавната свест пред се мора да биде“, рече Проја Продановска.
Угостителскиот објект ќе добие кривична пријава, а ќе следи и пријава за попречување на инспекциски надзор.
Ова е прв пат да наидат на ваков отпор, кажа Проја Продановска.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.