19 Декември, 2025
0.0428

Продава ли Грција евтина приказна? Ципрас ќе поднесе оставка, тврдат извори

Објавено во: Балкан 14 Јули, 2015 18:52

Добивај вести на Viber

Поради драстичната промена во текот на преговорите со лидерите од еврозоната, грчкиот премиер се соочува со бунт во сопствената партија „Сириза“. Тој дури дискутира и варијанти за оставка. Тоа го пишува германскиот таблоид „Билд“, кој предвидува дека оставката на Ципрас може да биде на крајот на оваа недела.

Ципрас има време до среда, 15 јули, да ги убеди пратениците од неговата партија и коалициските партнери дека не ги предал со согласност за спроведување на остри мерки и реформи во замена за трета спасувачка програма за Грција. Атина се согласи да ги стави во посебен фонд средствата на грчката држава во вредност од 50 милијарди евра, кои може да се монетаризират и да се гарантираат за исплатите на заемот од кредиторите.

Тие, практично, ни велат да ја продадеме меморијата на нашите предци, нашата историја, само за да добиеме нешто комерцијално во замена. Тоа е идеја со која сакаат да ја понижат Грција, смета Гергиус Даремас, стратег и советник на грчкото Министерство за труд, социјална сигурност и социјална солидарност, цитиран од британскиот весник “Индипендент“.

За усвојувањето на некои од реформите на кои Ципрас се согласи, веќе има отпор. Лидерот на „Независни Грци“ и министер за одбрана Панос Каменос изјавил вчера пред новинарите дека неговата партија не може да се согласи со тоа.

Министерот за енергетика Панајотис Лафазанис, кој го претставува левото крило во „Сириза“ го опишал како неприфатлив договорот со еврозоната. Според него „овој договор го уништува мандатот на народот и достоинствено“ не „на граѓаните за време на референдумот на 5-ти јули“.

Од вкупно 149-те пратеници од парламентарната група на „Сириза“, 30 од нив, кои се од крајното лево крило на партијата, веќе му свртија грбот на Алексис Ципрас поради неговите отстапки пред меѓународните кредитори.

Потсетуваме дека оставка врачи Никос Хунтис, ротационен министер за европски прашања и пратеник на владејачката партија.

Според изворите на „Билд“ утре Алексис Ципрас, заедно со претставниците на опозицијата ќе ги прифати во парламентот законодавните промени и потоа неговата влада ќе поднесе оставка. На овој начин тој ќе го отвори патот за формирање на експертско-техничка влада која ќе ја води земјата до одржувањето на нови предвремени парламентарни избори.

„На овој начин Ципрас нема да е рамо до рамо сам да ги извршува непопуларните мерки за намалување на трошоците“, пишува германското издание и предвидува повеќе шанси за Ципрас при евентуални избори на есен.

По 17 часа преговори, утрото на 13 јули, понеделник, лидерите на еврозоната се согласија да започнат веднаш преговори за нова спасувачка програма за Грција во Европскиот стабилизационен механизам (ESM).

Поддршката им се дава под строги услови за реформи, придружена од пакетот за раст и вработување во износ од 35 милијарди евра.

Лидерите на 19-земји од монетарната унија постигнаа согласност за серија мерки кои ќе и обезбедат на Грција дополнителни 86 милијарди евра во наредните 3 години.

Неколку пратеници во парламентот, вклучувајќи го и оној на Грција, треба да се обезбеди „зелено светло“ за официјалното започнување на преговорите. Министрите за финансии на еврозоната, исто така ќе треба да разговараат и за краткорочните мостови за финансирање, потребно за банките во Грција.

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен