ПРОДАВАЛЕ НА БУЊАКОВЕЦ БЕЗ ДА РЕГИСТРИРААТ ДЕЈНОСТ: АХВ казни производители на храна и уништи сирење, кашкавал, мед...
Објавено во: Економија 08 Септември, 2024
Казни за нерегистирана дејност, за неводење дневна евиденција, како и уништени небезнедни количини на храна по инспекциски контроли спроведени од инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ).
Од Агенцијата соопштуваат дека по спроведување на редовни и вонредни контроли на целата територија на земјава, напишале повеќе казни за неколку домашни производители, но и за физички лица кои работеле на пазаро Буњаковец во Скопје.
- Поради вршење на нерегистрирана дејност - производство на сирење, неделава во прилепското село Ново Лагово, по спроведен вонреден инспекциски надзор, индивидуален земјоделец – примарен производител на кравјо млеко е парично казнет. Наложено му е да ја регистрира дејноста производство на сирење - соопштуваат од АХВ.
Од таму исто така додаваат дека поради неводење на дневна евиденција за потрошени суровини за производство на подготовки од месо, во Прилеп, парично е казнет оператор со храна - месарница. Казна е изречена и за одговорното лице во правното лице.
- По спроведени вонредни инспекциски надзори на скопскиот зелен пазар Буњаковец, казнети се физички лица поради вршење на нерегистрирана дејност. Нештетно се уништени 8 килограми сирење, 2 килограми кашкавал, 5 пакувања мед со саќе во количина од 4,5 килограми, кои немале документ за потекло. Контрола е спроведена и во сендвичарница на овој зелен пазар каде не се утврдени неправилности - посочуваат од Агенцијата.
Фото: Freepik.com